Добиј бесплатно учество за најголемиот бизнис настан во Македонија

Добиј бесплатно учество за најголемиот бизнис настан во Македонија

На 20 и 21 октомври во Скопје ќе се одржи петтиот Самит во организација на Македонија2025. Самитот е платформа за споделување на знаење од областите на бизнис, инвестиции, напредни технологии, иновации и лидерство. Оваа година самитот ќе стави акцент на одржлив економски развој преку меѓународни инвестиции во обновливи ресурси и развој на „паметни“ и „зелени“ сектори. Организаторот и оваа година носи повеќе од 35 говорници со светско реноме кои доаѓаат од преку 20 различни земји и 300+ учесници односно професионалци од успешни компании од светот.




Оваа година Македонија2025 нуди 5 стипендии за студенти и млади професионалци до 25 години кои ќе образложат најдобро зошто сакаат да бидат дел од ова престижно бизнис збиднување во мотивациско писмо. Мотивациското писмо треба да биде долго 1000 зборови и да биде напишано на англиски јазик.

Краен рок за доставување е 5-ти Октомври, а истото треба да биде испратено на aleksandra@macedonia2025.com

Повеќе информации за самитот можете да најдете на следниот линк http://www.macedonia2025.com/.