Македонскиот цртан

Македонскиот цртан "Прасето кое сакаше да биде птица" меѓу десетте најдобри на фестивал во Јапонија

Цртаниот филм „Прасето кое сакаше да биде птица“ на продукцијата ОХО влезе во потесниот избор на десет најдобри цртани филмови кои ќе се борат за Гран-при на фестивалот „Japan Prize“. Филмот е по сценарио и режија на Елеонора Венинова, продуцент е Пеце Талески. За анимациите се погрижија Симон Стојановски и Диме Ѓорѓиевски. Илустрациите се на Тхе Мичо, а музиката – на Мите Димовски.



Филмот е сместен во категоријата на аудиовизуелни програми, наменети за предучилишна возраст. Фестивалот е познат по ригорозните критериуми за влез во натпреварувачка конкуренција, поради високите стандарди на содржините кои мора да ги поседуваат финалистите.

Japan Prize е најголем фестивал за телевизиски програми во Азија, и е ориентиран кон едукативни програми од сите категории. Веќе 51 година диктира високи критериуми што се однесуваат на вештината да се прикаже едукативна вредност, паралелно оценувајќи ја и уметничката. Жирито е составено од најпрестижни продуценти, директори на фотографија и режисери од целиот свет.




„Прасето кое сакаше да биде птица“ досега ги собра симпатиите на повеќе домашни и светски фестивали, како „Браќа Манаки“ во Битола, „Zlin Film Festival“ во Чешка, „Seoul Guro International Kids Film Festival“ во Јужна Кореја, „Supertoon Festival“ во Шибеник, Хрватска, Fun Chile во Чиле, а ја доби и наградата Prix Jeunesse во Минхен.


ИНТЕРВЈУ СО ЕЛЕОНОРА ВЕНИНОВА: ВО УМЕТНОСТА МОРА ДА ГИ ЗНАЕТЕ ПРАВИЛАТА ЗА ДА ЗНАЕТЕ КАКО ДА ГИ ПРЕКРШИТЕ