Оглас за работа во ФОНД на ПИОМ... Отворени се 2 (две) работни места

Оглас за работа во ФОНД на ПИОМ... Отворени се 2 (две) работни места

Врз основа на член 35 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16 и 142/16) и Уредбата за спроведување на постапката за вработување на административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 90/15), а во врска со член 20-г од Закон за вработени во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14 и 27/16) и Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 34/15), Агенцијата за администрација објавува 

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 34/2016 
за вработување на 2 јавни службеници од група I, подгрупа II во Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на Република Македонија за следните работни места 

ФПО0102В01004 Советник лекар специјалист, Комисија за оцена на работна способност, Сектор за остварување на правата од пензиското и инвалидското осигурување(2) извршител(и) 

Општи услови
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место

Посебни услови
- ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Фундаментални медицински науки/Клиничка медицина
- најмалку 3 (три) години работно искуство во струката

Општи работни компетенции
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
- учење и развој
- комуникација
- остварување резултати
- работење со други/тимска работа
- стратешка свест
- ориентираност кон странките/засегнати страни и
- финансиско управување

Посебни работни компетенции
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски) преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението АLТЕ на европски тестатори на А2 (А2) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно КЕТ, ИЕЛТС со максимум 3 поени, БУЛАТС, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 400 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 95 бода, или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 30 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ, или Гете сертификат. познавањето на англиски јазик може да се докаже и со приложување на меѓународно признатиот сертификат по НАТО стандардот STANAG 6001 на соодветното ниво, при што административните службеници од категорија В треба да поседуваат сертификат со STANAG 1+1+1+1+

Распоред на работно време
- Работни денови понеделник-петок
- Работни часови неделно 40
- Работно време од 08:30 до 16:30
- Опис за работното време

Паричен нето износ на плата: 29.530,00 денари

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2016 год. се : Македонец(ка) 2.

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето во електронска форма преку корисничкиот профил креиран на интернет страницата на Агенцијата за администрација.

Рокот за пријавување изнесува 15 денови, сметано од денот на објавувањето на огласот. По истекот на рокот за пријавување, огласот ќе биде отстранет од интернет страницата на Агенцијата.

Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја следна фаза од постапката за селекција на административен службеник, на интернет страницата на Агeнцијата за администрација.

Фаза 1 - административна селекција се спроведува во рок од 15 дена од завршувањето на објавениот оглас.
Фаза 2 – испит за административен службеник се спроведува во рок кој не може да биде пократок од 10, а подолг од 30 дена од завршувањето на фаза 1 и истата се снима и емитува во живо на интернет страницата на Агенција за администрација.
Фаза 3 – проверка на веродостојност на докази и интервју се спроведува во рок од 10 дена од завршување на фаза 2.
Фаза 4 – Тест на личност се спроведува во рок од 15 дена од завршување на фаза 3.

НАПОМЕНА:
Лицата кои дале лажни податоци се запишуваат во Регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор. Истите не можат да се вработат во јавен сектор во период од десет години од денот на утврдувањето дека доказот е лажен.