Оглас за вработување во ЈП Водовод и канализација - Скопје

Оглас за вработување во ЈП Водовод и канализација - Скопје

Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работните односипречистен текст („Сл. Весник на РМ" бр. 167/2015 год. Директорот на ЈП Водовод и канализација - Скопје објавува
ЈАВЕН ОГЛАС
за прием на работник на неопределено време


Се распишува јавен оглас за засновање на работен однос на неопределено време за следното работно место:

1. Самостоен инженер - 1 извршител
- со завршено високо образование: BCC VII степен машински или електро факултет и 2 години работно искуство

Потребни документи:
Пријава (Молба)
Диплома за завршено образование
Кратка биографија
Уверение за државјанство


ПОСЕБНИ УСЛОВИ:

1 Дневно работно време од 07 3015:30 часот.
2. Неделно работно време 40 работни часа (од понеделник до петок).
3. Основната плата изнесува: За работно место: Самостоен инженер: 26. 423, 00 денари

Јавниот огласот трае 5 (пет) работни дена, сметано од денот на објавувањето во дневниот печат. Изборот ќе се изврши во рок од 15 (петнаесет) дена од завршувањето на огласот. Ненавремена, некомплетна и неуредна документација нема да биде предмет на разгледување.

Пријавите со потребната  документација, кандидатите е потребно да ги достават до ЈП Водовод и канализацијаСкопје, на адреса ул. „Гуро Стругар" бр. 5, зграда на „Технометал Вардар" АД Скопје, во архива на приземје.
Телефон за контакт 02/30 73 010 лок. 355; контакт лице: Евангелија С. Стојевска;