Оглас за вработување во ТехноЛогика
ТехноЛогика е водечка регионална софтверска компанија, која од 1990 година развива комплексна дејност во областа на информационите технологии: имплементација на информациони системи, развој на софтвер, консултантски услуги и специјализирани обуки.
За нашиот тим во Скопје, бараме:
ПРОГРАМЕР ЗА РАЗВОЈ НА СОФТВЕР ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ HERMES®:
Основни одговорности:
• Работа во проекти за развој на системот HeRMeS® со користење на .NET, C#, ASP.NET, Win Forms, Oracle PL/SQL;
• Активно барање на можности за иновации и нови функционалности;
• Проектирање и извршување на технички решенија, кои гарантираат усовршување на системот;
• Специфицирање и тестирање на програмските единици и нивната интеграција;
• Изработка на документација за време на фазите на анализа, проектирање и развој според стандарди на животниот циклус на софтверскиот производ;
• Поддршка на системот HeRMeS® при имплементација и потоа.
Услови:
• Искуство со Microsoft .NET Platform, C#, ASP.NET MVC, Web Forms, Web Services, Win Forms;
• Искуство со SQL и релациони бази на податоци;
• Искуство со дијагностицирање и решавање на софтверски проблеми;
• Добро познавање на англиски јазик;
• Аналитичко мислење, прецизност, високо ниво на лична организираност;
• Можност за патување во земјата и странство.
Предност ќе имаат кандидатите со:
• Високо образование во областите: информациони технологии, компјутерски науки;
• Искуство во работа со PL/SQL, Oracle database;
• Искуство во работа со Microsoft TFS;
• Искуство во работа на развој на софтвер во областа на човечките ресурси и пресметка на платите.
Ние нудиме:
• Можност да сте дел од голема регионална софтверска компанија со утврден имиџ на надежен и компетентен добавувач на клиентски софтвер;
• Учество во меѓународни проекти;
• Учество во развој на софтвер за управување со човечки ресурси, лидер на регионалниот корпоративен пазар;
• Професионална обука според личниот потенцијал и потребите на компанијата.
Доколку објавената позиција ја сметате за добра можност за Вашиот професионален развој, Ве молиме да испратите мотивациско писмо и професионална автобиографија/CV со слика на e-mail:
jobs_skopje@technologica.com најдоцна до 07.10.2016 година.
Документите ќе бидат разгледани во полна дискреција. Само најдобрите кандидати ќе бидат поканети на интервју.
За повеќе информации:
www.technologica.com