Битно нешто да се истражува

Битно нешто да се истражува

Подготвил: А.Д.

Јапонците колку што ги бива за наука и собирање сериозни награди и признанија, толку ги бива и за собирање Иг Нобел, пародија на вистинските Нобелови.

Научници набљудуваат предмети со главата меѓу нозе

Годинава десетти пат по ред Јапонци освоија Иг Нобел, награда што се доделува за научни достигнувања што најпрво засмејуваат, а потоа те тераат да размислуваш. Се работи за првото место во категоријата перцепција, а наградата ја поделија јапонските научници Ацуки Хигашијама и Кохел Адачи.

Научниците се занимавале со необична проблематика, нешто што човек од прва ќе помисли дека е дело на монтипајтоновци - кога ќе се наведнеме со главата надолу и светот го набљудуваме наопаку, со главата меѓу сопствените нозе, дали навистина работите изгледаат поинаку?

Хигашијама и Адачи дошле до одговорот: Да, работите од таа перспектива ни изгледаат помали, а растојанието до нив ни изгледа пократко отколку кога човек би ги набљудувал исправен.

Освен двајцата јапонски научници, годинава наградени се и научници кои анализирале лажговци во врска со тоа колку често лажат и дали како стареат лажат помалку или повеќе. Доделено е и признание за медицина на Кристоф Хелмшен, кој докажал дека луѓето можат да запрат чешање со манипулација на мозокот со помош на огледало (ако те чеша нешто на лева страна, се гледаш во огледало и се чешаш на десната страна). Наградата за физика ја поделиле научници кои откриле зошто коњите со бели гриви најмногу привлекуваат коњски муви и нивните колеги кои утврдиле зашто вилинските коњчиња обожаваат црни надгробни плочи.

Организаторите на Иг Нобел на сето ова имаат да кажат: Нашата цел е е да ги насмееме луѓето, а потоа да ги натераме да размислуваат. Се надеваме дека ќе ја поттикнеме љубопитноста кај нив и ќе го покренеме прашањето: Како се одлучува дали нешто е битно или не е и што е реално, а што не е - во науката и сè останто?

Целата церемонија во видеото