"Треба да ја користиме фантазијата почесто од меморијата"

Подготвил: А.Д.

„Оптимистите и песимистите умираат скроз на ист начин, но живеат многу поразлични животи. Јас претпочитам да живеам како оптимист“, своевремено изјави нобеловецот и бивши израелски премиер Шимон Перес кој почина на 28-ми септември 2016-та. Имаше 93 години.

Шимон Перес

Цитати од Перес - човекот кој во 1994-та ја доби Нобеловата награда за мир и за кого СиЕнЕн објави: „Борец за мир, израелски патриот кој веруваше во мир“.

- Не мислам дека ако некој носи пушка, носи иднина. Не верувам дека може да се смени светот со убивање. Може да се смени со создавање и натпревар.

- Најважна работа во животот е да се осмелиш. Најкомлицирана работа во животот е да се плашиш. Најпаметна работа во животот е да се обидеш да бидеш морална личност.

- Млад си колку твоите соништа, а не стар колку што покажува календарот.

- Не се склучува мир со пријатели. Мир се склучува со многу незгодни непријатели.

- Подобро да бидеш контроверзен од вистински причини, отколку да бидеш популарен за погрешни причини.

- За мене, да се сонува значи да се биде прагматичен.

- Може да се убијат илјада луѓе, може да се стави крај на живот, но не може да се убие идеја.

- Моралот е она што ги прави луѓето да бидат луѓе.

- Телевизијата направи диктатурата да биде невозможна, но демократијата ја направи неподнослива.