УНИЦЕФ со сериозни предупредувања за состојбата со афричките деца

УНИЦЕФ со сериозни предупредувања за состојбата со афричките деца

Подготвил: Б.Б.


Гладни деца во Африка


Во поранешните жаришта на Боко Харам во Нигерија, од глад може да умрат 75.000 деца во текот на следната година, доколку не добијат навремена помош, предупредија денес од УНИЦЕФ.

Портпаролот на УНИЦЕФ, Патрик Роуз, прецизираше дека најзагрозени се децата од нигериските држави: Борно, Јобе и Адамава.

Агенцијата при Обединетите Нации соопштила дека 400.000 деца до петгодишна возраст страдаат од глад во овие држави, додека вкупно четири милиони луѓе се соочуваат со сериозен недостаток од храна во регионот.

Од УНИЦЕФ соопштија дека ќе го зголемат износот што го побарале преку нивниот хуманитарен апел, на вредност од 115 милиони долари, што е повеќе од двојно повисок од досегашните 55 милиони долари.