Археолози во Јапонија не можат да веруваат што пронајдоа

Археолози во Јапонија не можат да веруваат што пронајдоа

Подготвил: Б.Б.


Археолозите на една локација во Јапонија ги затекна огромно изненадување под рушевините на еден дворец – им се појавија римски монети!

Римски монети во Јапонија

Четири антички монети се пронајдени под дворецот Кацурен на островот Окинава, пишува Индипендент.  Во прв момент помислиле дека се работи за измама и дека монетите некој ги подметнал, но деталната проверка покажала дека се работи за вистински монети.

„Убеден бев дека се работи за реплики што му се испуштиле на некој турист“,  изјави Хиројуки Мијаги, археолог од Универзитетот во Окинава.

Монетите биле еродирани и било невозможно да се дешифрираат, но со помош на рентгенска анализа набрзо е откриена слика од Константин Први.

„Искрено, мене не ми беше потребна  подетална анализа. Сум се нагледал такви монети во Египет и Италија  и веднаш знаев што пронајдовме “, рече истражувачот Тошио Цукамото.

Копањето во Окинава започна во 2013 година, а археолозите прилично се возбудија кога пронајдоа  шест монети од  Отоманското Царство.  Но, ова е нешто сосема различно.  И почудно и постаро...

Градскиот одбор за истражување на Урам го потврди сензационалното откритие, но сè уште не може да се состави целата приказна како монетите стигнале во Јапонија. Сепак, се нагласува дека дворецот Кацурен бил центар за трговија со Кина и останатите азиски држави.

Директна поврзаност со Европа не може да се најде, но познато е дека Римјаните тргувале со Индија, па возможно е преку некоја невообичаена размена, некоја монета да заврши на неочекувани места.

„Речиси целосно сме сигурни дека не постои никаква поврзаност меѓу Кацурен и Рим, но ова откритие  потврдува дека целиот овој регион интензивно тргувал со остатокот од Азија“, истакнува Масаки Јокоу, портпаролот на Одборот за истражување на Урам.