Сината лагуна - од отпадни води до атрактивно лекувалиште

Сината лагуна - од отпадни води до атрактивно лекувалиште

Подготвил: Б.Б.


Локалното население уште во 1970-те години, додека се бањало во отпадните води од геотермалната фабрика, забележало дека водата, богата со соли, синозелени алги, сулфур и бел силициум, помага кај кожните заболувања. Па така, полињата од лава околу  геотермалната фабрика во Свартсенги, сосема случајно се претворила во популарен спа-центар.

Сина лагуна

Во 1992 година е создадена термалната бања Сина лагуна, што денес е една од најпопуларните атракции во Исланд. Геотермалната фабрика, чија длабочина изнесува 2000 метри, ги повлекува слатката  и морската вода, кои таму се мешаат на високи температури. На патот до површината, водата ги повлекува минералите и силициумот од земјата, а кога проаѓа низ турбините во фабриката, се пропушта до лагуната преку цевки, комплетно исчистена од нечистотии и бактерии. Температурата на водата во бањата достигнува 39 Целзиусови степени, а во нејзината лековитост уживаат стотици илјади посетители на годишно ниво.

Сина лагуна

Во бањата не смеете да влезете доколку претходно не се истуширате, бидејќи Исланѓаните многу внимаваат на хигиената.

Сина лагуна

Сината лагуна се наоѓа на полуoстровот Рејкјанес, на 40 километри оддалеченост од Рејкјавик.

Сина лагуна