Таткото на Лондон: Може да ме глуми Џорџ Клуни

Таткото на Лондон: Може да ме глуми Џорџ Клуни

Подготвил: А.Д.

Садик Кан, син на скромен возач на автобус, кој стана првиот муслиман градоначалник на Лондон, открива од што се плаши, на кого се восхитува и дека Џорџ Клуни го гледа во улога на неговиот лик. И, да, на забава од соништата би ги викнал и Бијонсе и Мишел Обама.

Садик Кан, градоначалник на Лондон

Прашања и одговори со Садик Кан, сопруг и татко на две деца.

Од што најмногу се плашиш?
Од нов терористички напад на Лондон. Иако знам дека безбедносните служби фантастично си ја вршат работата, од таква помисла се уште не спијам ноќе.

Најрани спомени?
Како ја гледам церемонијата за сребрениот јубилеј на кралицата во местото каде растев.

На кого најмногу му се восхитуваш и зошто?
Мо Фара - тој го претставува најдоброто во нашата земја.

Што не сакаш кај себе?
Зависноста од кофеин.

Што не сакаш кај другите луѓе?
Кога луѓето не прифаќаат други луѓе такви какви што се. Не треба само да ја толерираме различноста, треба да ја почитуваме и славиме.

Што е најскапоценото нешто што го поседуваш?
Дел од униформата на татко ми од времето кога возеше автобус број 44 низ Лондон.

Кого би поканил на забава од соништата?
Мухамед Али, мојата сопруга, Мишел Обама, Бијонсе, Сер Пол Нурс и Бил Бејли.

Што те прави несреќен?
Брегзит гласањето беше огромно разочарување. Сега се обидувам да го извлечам најдоброто за Лондон.

Која книга ти го смени животот?
„Како да се убие подбивната птица“ од Харпер Ли.

Како дете, што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш?
Крикет играч.

Кому би се извинил и зошто?
На мојата сопруга Садија, затоа што сум уништил многу вечери, викенди и семејни одмори заради работата.

Садик Кан со сопругата

Која или што е твојата најголема љубов?

Мојата сопруга. Се запознавме кога бевме тинејџери и никогаш не се свртевме назад.

Твоето најголемо разочарување?
Поразот во 2015-та. Не можевме да им помогнеме на луѓето на кои најмногу им требавме.

Да можеш да го промениш минатото, што би направил?
Би поминал повеќе време со татко ми пред да почине.

Во кој период би заминал, да можеш да патуваш низ времето?
На Вембли, 30-ти јули 1966-та.

Кога си бил најблиску до смртта?
Како дете, нашата куќа ја зафати пожар. Не бевме свесни за тоа се додека не ги видовме пожарникарите.

Како сакаш да те паметат?
Како градоначалник кој го направи градот подобро место за жителите и како добар сопруг и татко.