Викенд временска прогоза: Температури до 31 степен

Викенд временска прогоза: Температури до 31 степен

Денес е петок, 30 септември 2016 година, 274-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:24, а ќе зајде во 18:20 часот. Денот ќе трае 11 часа и 55 минути.



И денес денот ќе го започнеме со уште едно подпросечно студено но и ведро утро.

МАКЕДОНИЈА – По студеното утро, во текот на денот сончево и потопло време со пораст на дневни температури пред се поради јужното воздушно струење кое во Македонија и Балканот ќе донесе и потопла воздушна маса. Ќе дува слаб југоисточен и југозападен ветер. Утринските температури од 1 до 10 степени, а максималните температури ќе достигнат до 19 односно до 30 степени. УВ индексот ќе има вредност 5.

СКОПЈЕ – Во Скопје во петок по студеното утро, во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло време. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 7 степени, а максималната дневна до 27 степени. УВ индекс 5.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА
– Во Македонија во сабота сончево и топло време со максимални температури кои ќе се движат од 20 до 31 степен. Во недела претежно сончево со појава на локална облачност во крајните планински северозападни и западни предели со услови за слаб дожд. Утринските температури во пораст и ќе се движат од 5 до 14 степени, а максималните од 20 до 31 степени. Во понеделник претежно сончево со појава на локална облачност и идентични дневни температури од 20 до 31 степен. Во вторник зголемување на облачноста со услови за локални врнежи од дожд но и осетен пад на дневните температури кои ќе се движат од 13 до 24 степени. Ќе дува засилен северозападен и североисточен ветер.

Извор: weather4all.com.mk