Во сеќавање на Шимон Перес:

Во сеќавање на Шимон Перес: "Можете да убиете илјада луѓе; можете да ставите крај на нечиј живот, но не можете да убиете идеја"

Подготвил: Светлана Петковска

По губењето на Арнолд Палмер нешто пред повеќе од 48 часа, светот изгуби уште една икона во светот на на претприемништвото и лидерството, Шимон Перес кој беше исконски израелски државник.

Перес два пати беше премиер на Израел, два пати како привремен премиер, а исто така беше дел од 12 кабинети, а неговата политичка кариера траеше две третини од еден век. Покрај политиката, неговиот остар ум значеше дека Перес многу пати беше цитиран и многумина ги посочуваа неговите мисли за лидерство и стратегија. Еве некои од тие цитати:


палмер и шимон


За сонувањето:

“За мене, сонот е едноставно да се биде прагматичен“.

“Најважното нешто во животот е да се осмелуваме. Најкомплицираните нешта во животот е да се плашиме. Најпаметното нешто во светот е да се обидеме да бидеме морална личност“.

“Оптимистите и песимистите имаат иста смрт, но тие живеат многу различни животи!“

“Вие сте толку млади како вашите соништа, а не возрасни како вашиот календар“.  

“Од мојата најрана младост, знам дека додека некој е должен да ги планира внимателно фазите на своето патување, некој има право да сонува, да продолжи да сонува за својата дестинација“.  


 За ширењето на идеи


“САД е единствената сила во историјата, која стана голема со давање, а не со земање. Мислам дека кризата беше кога САД имаше повеќе пари од идеи. Парите не произведуваат пари. Идеите произведуваат пари“.

 “Можете да убиете илјада луѓе; можете да ставите крај на нечиј живот, но не можете да убиете идеја“.


Шимон Перес


За решавањето на проблемите


“Една од работите кои Соединетите Американски Држави ги прави добро е градење на коалиции. Она што САД го знае е дека ако не се во коалиција со вас, ќе имаат коалиција против вас“.

“Вие не се помирувате со пријателите. Вие се помирувате со најгадните непријатели“.

“Подобро е да бидете контроверзен за вистинските причини, отколку да бидете популарен за погрешните причини“.

“Кога имате две алтернативи, првото нешто што треба да го направите е да погледнете на третото нешто, за кое не сте размислувале за, нешто кое не постои“.

“Во Израел, земја со недостаток на природни ресурси, научивме да ја цениме нашата најголема национална предност: нашите умови. Преку креативност и иновации, ние ги трансформиравме неплодните пустини во цутни полиња и станавме пионер за нови граници во областа на науката и технологијата“.

“Ако проблемот нема решение, тоа не може да биде проблем, туку факт -не треба да го решаваме, туку да го совладаме со текот на времето.
Save