Временска прогноза: Од утре пад на температурите

Временска прогноза: Од утре пад на температурите

Денес е понеделник, 3 октомври 2016 година, 277-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:27, а ќе зајде во 18:15 часот. Денот ќе трае 11 часа и 47 минути.



Појавата на облачност во текот на ноќта ни услови и повисоки утрински температури со исклучок на Берово каде и ова утро таму е студено. Во овие утрински часови во Македонија преовладува претежно ведро време, а зголемена облачност има во западните и југоисточните предели.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес не очекува претежно сончево време со појава на локална облачност, ветровито и топло време. Во утринските часови услови за слаб дожд ќе има во крајните западни предели, додека пак во попладневните часови во крајните североисточни предели. Ќе дува доумерен северозападен и западен ветер. Утринските температури од 3 до 18 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 19 односно до 30 степен. УВ индексот ќе има вредност 4.

СКОПЈЕ – Во Скопје денес претежно сончево со појава на локална облачност, ветровито и топло. Ќе дува доумерен слаб северозападен ветер. Утринската температура од 14 степени, а максималната дневна до 27 степени. УВ индекс 4.

МАКЕДОНИЈА 3 ДЕНА – Од вторник следува период на претежно облачно време со услови за локални врнежи од дожд, ветровито и постудено време. Во вторник умерено облачно со повремени сончеви периоди но и услови за локални врнежи од дожд особено попладне. Максималните температури од 13 до 23 степени.

Во среда умерено облачно со повремени сончеви периоди и ветровито со дневни температури од 9 до 18 степени. Во четврток умерено облачно време со повремени сончеви периоди и максимални температури од 13 до 23 степени.