Какво време да очекуваме до крајот на неделата?

Какво време да очекуваме до крајот на неделата?

Денес е вторник, 4 октомври 2016 година, 278-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:29, а ќе зајде во 18:13 часот. Денот ќе трае 11 часа и 44 минути.



Во утринските часови во поголем дел од државата имаме претежно ведро и топло време, а во северозападните, северните и североисточните предели имаме зголемена облачност која ќе се проширува и во останатите предели а која носи и повисоки утрински температури.

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија денес ќе биде умерено облачно време со повремени сончеви периоди, ветровито и посвежо време бидејќи температурите ќе бидат во опаѓање. Во попладневните часови постојат услови за сосема слаби и локални врнежи од дожд, или би кажале повеќе како проросување а не врнежи. Ќе дува доумерен засилен северозападен и североисточен ветер, а во делови од западните предели и засилен западен ветер. Утринските температури од 6 до 14 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 14 односно до 23 степени.

СКОПЈЕ – Во Скопје во вторник ќе имаме умерено облачно време со повремени сончеви периоди, ветровито и свежо време. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од 15 степени, а максималната дневна до 19 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА
– Во среда и четврток дополнителен пад на температурите, а во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и ветровито. Во среда утринските температури од 0 до 10 степени, додека пак максималните дневни од 10 до 19 степени. Во четврток минималните од -1 до 9 степени, додека пак максималните ќе бидат во пораст и ќе достигнат до 14 односно до 23 степени. Во петок облачно време со врнежи од дожд и дневни температури кои ќе се движат од 9 до 18 степени. Во сабота умерено облачно со сончеви периоди со максимални температури кои ќе достигнат до 10 односно до 19 степени.

Weather4all.com.mk