Израелска компанија создава вода од воздух

Израелска компанија создава вода од воздух

Подготвил: Маја Пероска

Во време кога се соочуваме со климатските промени и предизвиците кои доаѓаат со нив, компаниите ширум светот се обидуваат да изнајдат различни решенија. Се почесто компаниите го користат воздухот за да најдат начини за справување со климатските промени.


Постојан компании кои воздухот го претвораат во
гориво, други пак во камен, а некои компании извлекуваат чиста вода погодна за пиење.

Израелската компанија Water-Gen гради уреди кои креираат вода и ја складираат преку собирање на кондензацијата од воздухот. Ова е всушност група на неколку здружени израелски
компании, кои ги презентирале своие технолошки иновации пред Генералното собрание на Обединетите нации.

Тие велат дека технологијата се базира на процес на собирање и чистење на влагата. Се работи за сосема независна технологија применета на инфраструктурата на постоечката вода. Се што е потребно е електричен излез и влажност на воздухот.

 

 

 

 



Ова не е единствената компанија на пазарот која користи ваква технологија, но нивните машини наречени атмосферски водени генератори се далеку повеќе енергетско ефикасно отколку други уреди за создавање на вода кои се во моментов активни и достапни.


Нашата технологија користи една петтина од колилеството на енергија кое е користено од другите методи – околу три литри вода се создаваат за секој киловат енергија. Тоа значи дека водата која ние ја произведуваме е поефтина – велат претставниците на компанијата.

Со сегашните цени на енергијата, водата на оваа компанија би се продавала по 10 центи на галон.

Уредите на компанијата имаат три
големини : индустриски, средни и оние кои би се користеле во дом или работна просторија. Секоја машина е опремена со систем за пластични “листови“ кои го ладат воздухот а потоа ја складираат кондензацијата. Насобраната вода потоа поминува низ филтрација, која ги отстранува сите хемиски и микробилошки загадувачи.

Најмалиот уред може да предаде до 5 галони вода дневно, а најголемиот дури над 800 галони дневно.

Оваа технологија ја користат и од
израелската армија, но и американската и француската. Но, од компанијата Water-Gen сметаат дека најважно е во моментов оваа техологија да биде насочена во најголема мера кон оние општества кои се соочуваат со недостиг од вода за пиење. Имено, тие се во преговори со американската, индиската, кинеската, бразилската и мексиканската влада за остварување на соработка.

Производите на компанијата се очкува да бидат достапни на пазарот во 2017 година.