Најдобрите 20

Најдобрите 20 "Android" апликации за смарт телефони

Паметните телефони станаа еден вид на секојдневие за сите. Без нив денот не може да се замисли, и претставуваат нешто неопходно за секого, затоа што на беспрекорен начин го олеснуваат животот. Затоа, следниве одлични апликации за „Андроид“ телефоните можат да го направат секојдневието полесно и позабавно.



Кај Андроид идејата за добра апликација зависи од тоа кој телефон се поседува и какви се неговите спецификации, односно некоја "добра" апликација може да биде спора кај одреден телефон или воопшто да не може да се инсталира. Тргајќи од тоа дека сите имаат некој просечно моќен Андроид телефон, со доволно простор и најнова верзија на оперативниот систем, ова е листата на најдобри апликации за годинава. За да се направи подобра класификација на истите апликации секој може да ја пронајде потребната апликација во следниве категории:

- Продуктивност
- Интернет и комуникации
- Локации
- Музика, фотографии и видео
- Алатки
- Храна и забава

ПРОДУКТИВНОСТ

Any.DO - Една од најфункционалните и најдобро дизајнираните апликации за правење списоци со задачи. Додавањето и прегледот се брзи и едноставни, а има и феноменална опција за следење на пропуштените повици и нивно менаџирање.

Evernote - Една од најдобрите апликации за фаќање белешки. Апликацијата овозможува пишување на белешки и листи како и атачирање Office и PDF документи, фотографии и синхронизација на белешки со други корисници.

ИНТЕРНЕТ И КОМУНИКАЦИИ

Chrome или Dolphin Browser - Гугл Хром во моментов владее на тема интернет браусери на било која платформа. Брз е и се синхронизира со сите други браусери што ги има на кој било уред. Како алтернатива на Хром е Dolphin Browser, кој што исто така брзо работи, нуди синхронизација со десктоп и има премногу опции за подесување што може да го направат уште подобар.

WhatsАpp - Бесплатна апликација за пораки за која е потребен интернет. Може да се испраќаат фотографии, видеа и говорни пораки како и групни чатови.

SwiftKey - Ова е апликација за паметна тастатура која користи вештачка интелегенција за автоматски да го научи стилот на пишување како и зборовите кои имаат значење за корисникот.

Skype - Апликацијата овозможува полесно поврзување и разговарање со пријателите и семејството во било која земја без плаќање, преку wi-fi.



ЛОКАЦИЈА

Google Now - Во прашање е најдобриот виртуелен асистент за Андроид. Апликацијата помага и ги следи секојдневните активности на корисникот. Памти сѐ, од состаноци, во колку часот е летот, до спортски резултати од омилениот клуб, гужва во сообраќај и какво време надвор го чека самиот корисник.

1Weather – Апликација која што нуди температура во реално време, плус прогноза за која било дадена локација.

Citymapper - Оваа урбнистичка апликација е дизајнирана за полесна навигација низ градовите како Лондон, Манчестер и широк спектар на интернационални градови.



МУЗИКА, ФОТО И ВИДЕО

Shazam - Апликација која овозможува идентификација на одредена песна која постојано се врти во главата, меѓутоа не се знае за која песна станува збор.

Plex - Апликацијата ја префрла целата музика, филмови, слики, видеа и сѐ останато од компјутерот директно на мобилен.

Instagram - Апликација која овозможува споделување фотографии и претворање на истите во уметнички дела.

Dropbox - Апликацијата овозможува зачувување на фотографиите, документите и видеата на “облак“, за да може да се пристапува до нив од било кој уред.

Vine - Овозможува создавање на кратки видеа и споделување со пријатели и контакти. Видеата може да траат шест секунди и може да се направат да се во уметничка форма.

Snapseed - Од филтри (како Инстаграм и слични), до рамки, средување на контраст, светло и слично. Една од најопсежните алатки за уредување на фотографии на Андроид.

Spotify - Музичка апликација која овозможува слушање на широк спектар на пејачи и албуми преку библиотека која содржи над 30 милиони песни. Исто така, може да се направи листа од омилените песни.


АЛАТКИ

Greenify - Главниот проблем со секој телефон е батеријата, односно редовниот недостаток на истата. Иако екранот е главен потрошувач на батеријата, апликацијата е наменета да ги менаџира сите оние апликации и опции кои работат во позадина и ја трошат батеријата.

AirDroid - Идејата е да може да се остави мобилниот да се полни каде било во канцеларија, без да мора на секои 10 минути да се проверува дали стасала порака. Освен тоа, може да се управува со фајлови (копирање на и од компјутер, бришење и сл.), да се пронајде мобилниот ако е изгубен и слично.

ЗАБАВА

Clash of Clans - Една од најпопуларните игри на оваа платформа која овозможува формирање на сопствена варварска армија за да се спаси селото од напаѓачи.

Candy Crush Saga - Познатата игра која е омилена помеѓу корисниците на „Android“овозможува искачување неколку нивоа повисоко со поврзување на комбинации на обоени слатки.

Сите овие апликации може да се вметнат во еден единствен уред, што е од големо значење за корисникот и придонесува за организација на неговите активности, од било каков карактер. Таков уред е VIVAX SMART Fly 3 LTE silver, кој што се карактеризира со неверојатни спецификации како што се: 3 GB RAM, 4G поддршка, 13 MP и 5 MP камера и 2500 mAh батерија со опција „брзо полнење“. SMART Fly 3 покрај атрактивниот дизајн има и одлични перформанси специфични за бизнис корисниците, но и за млади луѓе кои бараат забава, висок квалитет на камерата и звукот. Погоре наведените апликации можат беспрекорно и успешно да се имплементираат според спецификациите и перформансите на самиот SMART Fly 3. Целосната спецификација и перформанси може да ги погледнете на официјалниот Фесјбук профил на VIVAX Македонија на следниов линк,

https://www.facebook.com/VivaxMacedonia/?fref=ts