Направете маса за фудбал од картонска кутија

Направете маса за фудбал од картонска кутија

Подготвил: Марта Димитров

Кога станува збор за игрите за деца, тие мора да се прилагодат на возраста. Ако вашето дете е мало за флипери или вистински фудбал, може да направите мини верзија прилагодена за него и тоа во домашни услови.

стони фудбал


Што ви е потребно?

- Кутија од чевли
- Дрвени стапчиња
- Штипки
- Ножици
- Гумени топчиња
- Декорација за кутија

Кутијата изрежете ја од двете страни за да направите голови низ кои ќе минуваат топките. Декорирајте ја кутијата по желба. Измерете каде ќе ги поставите стапчињата на кои ќе ги закачите штипките кои ги претставуваат играчите. Во зависност од големината на кутијта изберете ја и должината на стапчињата. Закачете ги штипките и ставете ги топчињата и може да се почне со играње.