Бурата на векот Mетју однесе преку 330 животи, се очекуваат и нови урагани

Бурата на векот Mетју однесе преку 330 животи, се очекуваат и нови урагани

Подготвил: Светлана Петковска

Како што ураганот Mетју се приближува до источниот брег на Флорида, во областите каде невремето нанесе штети претходните дена, бројот на жртвите расте брзо, така што во Хаити официјалната бројка на загинати се зголеми на најмалку 339 луѓе.

Хаити е најтешко погоден од сите карипски држави каде што Mетју помина. Четири жртви се пријавени во Доминиканската Република, а во Куба и Бахамите, досега само е причинета материјална штета.


ураган


Бура на векот

Американците се подготвуваат за најжестоката бура во изминатата деценија. Американскиот претседател Барак Обама во Четвртокот прогласил вонредна состојба во Флорида, Јужна Каролина и Џорџија, а милиони луѓе од крајбрежните области во овие земји беа принудени да се евакуираат.

Со оглед на фактот дека јачината на Mетју не се намалува и дека се работи за многу опасен ураган од 4-та категорија, експертите предвидуваат дека би можело да поминат недели, дури и месеци пред луѓето од најранливите области да бидат во можност да се вратат во своите домови.

Од ударите на ветерот до 215 километри на час, метеоролозите предвидуваат дека најголема штета ќе се предизвика од брановите на плимата, за кои се проценува дека ќе достигнат висина од три метри, а висината на брановите во бурата во погодените области би можела да биде повеќе од седум метри.





Најкатастрофалниот ураган во Флорида во минатиот век


Националниот Метеоролошки Центар на САД објави како Метју би можел да се претвори во најкатастрофалниот ураган кој би го погодил североисточниот дел на Флорида во последните 118 години. Тоа е причината зошто во некои градови во Флорида во сила стапува полициски час, кој би можел да се прошири на целиот ден, ако има за тоа потреба.

Последното невреме што го погоди американскиот крајбрежен брег со ветар, повеќе од 170 километри на час во 2005 година беше предизвикан од ураганот Вилма.

Освен за жителите и нивните имоти, Метју опасно се заканува на американската вселенска програма, како што се приближуваше до Кејп Канаверал, која е обележана како најверојатно точката на ударот на копно. Меѓутоа, ако бурата продолжи да се движи по должината на брегот, Кенеди Вселенскиот Центар може да избегне можно оштетување од тежината.

"Опремата и објектите во вредност од милијарди долари се во прашање. Ова место никогаш не доживеало закана за урагани", пишува експертот за урагани Џеф Мастерс на неговата интернет страница: wunderground.com.

Гувернерите на најранливите земји ги повикаа своите сограѓани да не се двоумат со евакуацијата, бидејќи со тоа може да го спасат својот живот, а особено драматичен беше гувернерот на Флорида, Рик Скот.




Евакуација

"Ако се двоумите, само помислете на оние луѓе кои овој ураган веќе ги уби. Времето истекува", изјавил Скот во своето обраќање до жителите на Флорида и се проценува дека поради Mетју милиони од нив би останале без електрична енергија.

Скот ангажирал припадници на Националната гарда, а во внатрешноста на Флорида, Џорџија и Јужна Каролина отворени се засолништа за оние кои мораа да се евакуираат од крајбрежните области. Во прилог на овие три држави, вонредна состојба е прогласена и во Северна Каролина.

"Ураганот Mетју е сериозна закана. Слушајте ги локалните власти и грижете се за едни за други"- напишал американскиот претседател преку Twitter.

Од центарот за урагани денес во раните утринските часови сепак пристигнаа оптимистички најави за слабеење на ураганот во следните 48 часа.





На Флорида пристигаат два урагани


Сегашните прогнози за насоката во која ќе се движи Mетју укажува на тоа дека за кратко ќе ја погоди Флорида во наредните два дена. Но, тоа не е најлошото, што би можело да се случи во САД.

Според WPTV, на Атлантскиот се формирала тропската бура Никол, која во меѓувреме прерасна во ураган од прва категорија. Првичната прогноза говореше дека Mетју ќе оди по должината на источниот брег, а на крај ќе се сврти спрема Атлантскиот Океан, но сега постои можност интеракцијата меѓу Никол и Mетју да го создаде таканаречениот “Fujiwharin“ ефект.

Така што двата центри на циклони/урагани кружат околу еден околу друг и го намалуваат растојанието помеѓу нивните области со низок воздушен притисок. Ако ваквите интеракции се случат во овој случај, тоа би значело дека Mетју потенцијално ќе се врати назад во Флорида и повторно ќе го погоди брегот.
SaveSave