Временска прогноза: Времето денес и прогноза за викендот што следува

Временска прогноза: Времето денес и прогноза за викендот што следува

Денес е петок, 7 октомври 2016 година, 281-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:32, а ќе зајде во 18:08 часот. Денот ќе трае 11 часа и 36 минути.

Во утринските часови имаме умерено облачно време со повремени сончеви периоди особено во источните предели, додека пак во северните и западните предели зголемена облачност која ќе се проширува во останатите предели.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес во утрински часови ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, претпладне под влијание на Медитерански циклон продор на нестабилна воздушна маса од запад која во попладневните и во вечерните часови ќе донесат поинтензивни врнежи од дожд кои ќе бидат проследени со засилен ветер. Локално во западните, северните и североисточните предели се очекуваат да наврнат и до 25 литри дожд. Ќе дува доумерен југозападен и југоисточен ветер. Утринските температури од 2 до 11 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 10 односно до 20 степени.

СКОПЈЕ – Во Скопје во утринските часови ќе биде умерено облачно со услови за сончеви периоди. Во претпладневните часови зголемување на облачноста која што попладне и навечер ке донесе врнежи од дожд. Ќе дува доумерен јужен ветер. Утринската температура од 8 степени, а максималната дневна до 16 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во сабота умерено облачно време со повремени сончеви периоди. Максималните температури од 11 до 21 степени. Во недела претежно сончево со локална облачност и потопло време со максимални температури кои ќе достигнат од 15 до 25 степени. Во понеделник и вторник нова дестабилизација на времето и се очекува умерено облачно и нестабилно време со локални врнежи од дожд со дневни температури кои ќе достигнат од 13 до 23 степени во понеделник, односно од 10 до 20 степени во вторник.

Weather4all