Привремениот ангажман на вработените во услужните дејности - презентација од Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд на 8та Меѓународна конференција за човечки ресурси

Привремениот ангажман на вработените во услужните дејности - презентација од Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд на 8та Меѓународна конференција за човечки ресурси

Професорот и академски директор, Крис Лиасидис, од Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ, ќе учествува на 8та Меѓународна конференција за човечки ресурси и HR EXPO, со презентација на темата: Привремениот ангажман на вработените во услужните дејности – благослов или клетва за економската добросостојба? на 13 октомври во Скопје Мериот хотел, со почеток од 14.30 часот.



За своето предавање професор Лиасидис најави: „Во услови кога привремените работници стануваат се поголема "норма" во нашите организации, предизвик на секторот за Човечки ресурси е да изнајде начини како да ги искористи и ангажира нивните компетенции, а притоа да ги негува нивните таленти и да ги трансформира во компаниски цели. Токму затоа треба да се фокусираме на привремените работници, кои сè уште се на маргините на компаниската структура, како да ги задржиме ангажирани и колку е апликативен и корисен принципот на Gamification – поентирање, креирањето натпреварувачка средина и поставување на правила на играта, односно работата“.

Темата на годинешниот најголем настан за човечки ресурси, 8та Меѓународна конференција за човечки ресурси, е мотивирана од секојдневните промени и движења во компаниските структури. Во услови каде малите организации прераснуваат во големи корпорации, се поприсутна е растечката потреба од нови методи и начини на ефикасно работење. Во исто време ангажираноста на луѓето е во тесна врска со зголемувањето на продуктивноста, квалитетот на услугата кон клиентите и финансискиот раст.

Како да се пронајдат вистинските луѓе - вработени, да се задржат, да се стимулираат, да се негуваат нивните таленти и вештини, и како да се развие соодветна програма на компетенции, за да придонесат за раст на компанијата и бизнисот. Преку реални и практични искуства, како и академски знаења ќе се понудат одговори на овие прашања на 8 Меѓународна конференција за човечки ресурси и HR EXPO, во организација на Македонската асоцијација за човечки ресурси, која ќе се одржи од 13 до 14 октомври во Скопје Мериот.

Уште една година по ред, Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ се јавува како поддржувач на Меѓународната конференција за човечки ресурси и HR EXPO, со цел што подобра промоција и дистрибуција на знаење за најдобрите практики во областа на човечките ресурси.

Сите подетални информации за учество и регистрација може да се најдат на следниот линк.