КОНКУРС за избор на 12 (дванаесет) кандидати кои ќе бидат номинирани за упатување на четиригодишно школување во Соединетите Американски Држави

КОНКУРС за избор на 12 (дванаесет) кандидати кои ќе бидат номинирани за упатување на четиригодишно школување во Соединетите Американски Држави



КОНКУРС за избор на 12 (дванаесет) кандидати кои ќе бидат номинирани за упатување на четиригодишно школување во Соединетите Американски Држави, од кои 6 (шест) за Воено воздухопловната академија на САД и 6 (шест) за Воената академија Вест Поинт во САД


Министерството за одбрана распишува Конкурс за избор и номинирање на 6 (шест) кандидати за упатување на четиригодишно школување во Воено воздухоплов¬ната академија и 6 (шест) кандидати за упатување на четиригодишно школување во Воената академија Вест Поинт во Соединетите американски држави.

ПРАВО НА УЧЕСТВО НА КОНКУРСОТ

На Конкурсот можат да се пријавуваат кандидати државјани на Република Македонија кои ги исполнуваат општите услови:
- да не се помлади од 17 години и да не им е поминат 23-тиот роденден на 01.07.2017 година;
- да имаат завршено средно образование, односно да го завршат средното образование најдоцна до 01.07.2017 година;
- да се психофизички способни;
- да не им е изречена мерка забрана за вршење професија, дејност или должност;
Покрај општите услови, кандидатите треба да ги исполнат и посебните услови утврдени од страна на Воено воздухопловната академија на САД и Воената академија Вест Поинт:
- да не се во брак;
- добро познавање на Англиски јазик.

КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

При изборот на кандидатите, покрај општите и посебните услови се земаат предвид и следните критериуми:
- општиот успех на кандидатите по сите предмети до трета година,
- оценките по математика и англиски;
- успехот постигнат на тестирањето по англиски јазик. ALCPT тест, со најмалку 75 освоени поени;
- успехот постигнат на тестирањето по математика;
- освоени награди на републички и меѓународни натпревари по математика, физика и англиски јазик.

Пријавените кандидати кои ќе ја поминат проверката по англиски јазик и математика ќе бидат упатени на проверки за утврдување на психофизичката способност и физичката подготвеност. Ова има елиминаторен карактер.
По завршување на селективните проверки, дванаесет кандидати, по шест за двете академии, ќе бидат повикани на интервју во Министерството за одбрана.
Конечно решение за прием ќе биде донесено од страна на Воено воздухопловната академија на САД и Воената академија Вест Поинт во април 2017.
Пријавените кандидатите ќе бидат подложени на тестирање од страна на надлежна Комисија на Воено воздухопловната академија на САД и Воената академија Вест Поинт. Тестирањето ќе се состои од Сколастички тест на способности или Американски приемен тест за колеџ. Кандидатите кои се пријавиле за Воената академија Вест Поинт, дополнително ќе треба да полагаат и TOEFL тест за познавање на англискиот јазик.

ПОСТАПКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ


За спроведување на Конкурсот се формира конкурсна комисија.
Постапката за спроведување на испитот по математика се изведува согласно програмата на Воената академија „генерал Михаило Апостолски“ – Скопје.
При спроведување на испитите, кандидатите треба да имаат документи за утврдување на идентитетот (лична карта или пасош).
Пред отпочнувањето на тестот за физичка подготвеност, се врши утврдување на психофизичката способност на кандидатите. Оваа проверка има елиминаторен карактер.
Психофизичката способност на кандидатите се утврдува со специјалистички прегледи и оцена од военолекарска комисија.
Военолекарска комисија врши утврдување на психофизичка способност во согласност Правилникот за мерилата за оценување на посебната здравствена и физичка способност за служба во Армијата на Република Македонија.
Постапката за спроведување на тестот за физичка подготвеност се состои од проверка на физичката подготвеност, од следните дисциплини:


РОКОВИ

Заинтересираните кандидати можат да се пријават до крајот на петнаесеттиот ден од денот на објавувањето на овој конкурс.

По утврдување на пријавните листи, пријавените кандидати кои ги исполнуваат условите од конкурсот ќе бидат повикани за тестирање по англиски јазик и математика.

ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ

Кандидатите треба да ги поднесат следниве документи:

-       Своерачна пријава за една од академиите;
-       свидетелства за сите три години од средното образование во оригинал;
-       диплома за положен матурски испит во оригинал (за кандидатите што го завршиле средното образование);
-       уверение за државјанство;
-       извод од матичната книга на родени;
-       Доколку има освоени награди на републички и меѓународни натпревари по матеметика, физика и англиски јазик.

Кандидатите државјани на Република Македонија кои средното образование или дел од средното образование го завршиле во странство треба да достават документ издаден од надлежното министерство за нострификација на свидетелства за сите години, за дел од годините што ги завршиле во странство или диплома за завршено средно образование добиена во странство.

Документите за пријавување на конкурсот кандидатите треба да ги достават лично во деловодството на Министерството за одбрана – Сектор за човечки ресурси, на ул. ,,Орце Николов“ бр. 116, 1000 Скопје.

ШКОЛУВАЊЕ, ПРАВА И ОБВРСКИ НА СТУДЕНТИТЕ


Со номинираните кандидати кои ќе бидат избрани од страна на Воено воздухопловната академија на САД и Воената академија Вест Поинт, Министерството за одбрана ќе склучи договор за правата и обврските за време на школувањето.

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА