Нова услуга од ВИП

Нова услуга од ВИП

Мобилна телевизија од 40 ТВ канали достапни на телефон, таблет или компјутер



Од денеска, Вип воведува нова услуга за своите постпејд корисници со која ќе можат да ги гледаат омилените телевизиски програми каде и да се. Со новата услуга Vip NOW, корисниците ќе можат да ги следат лесно и едноставно ТВ содржините директно на својот мобилен телефон, таблет или компјутер.

Со симнување на апликацијата Vip NOW корисниците добиваат 40 ТВ канали (локални и интернационални) во живо, ТВ распоред за 7 дена наназад и 3 дена однапред, ќе можат да се навратат на емитуваната програма за изминатите 7 дена на сите ТВ канали, да снимаат содржина во времетраење до 10 часа која останува достапна во текот на 3 месеци, како и да ја користат Видеотеката (филмови и серии достапни во каталогот) со неограничено гледање на достапните содржини. Апликацијата е достапна за Android и iOS оперативните системи.

Услугата Vip NOW е достапна за сите корисници на Vip Постпејд, и може да се активира единствено онлајн при што првиот месец услугата се користи бесплатно и истата може да биде исклучена во секое време. По првиот месец, користењето на услугата се наплатува со месечна претплата од 299 денари на Вип Постпејд сметката. За користење на услугата потребен е интернет пристап, кој не е вклучен во оваа цена.

Регистрација за корисници и повеќе информации за услугата се достапни на vipnow.mk