Дали астронаутите ќе го паметат патувањето на Марс?

Дали астронаутите ќе го паметат патувањето на Марс?

Подготвил: Маја Пероска

Ова прашање ги мачи калифорниските научници кои го проучуваат феноменот наречен „вселенски мозок“.

 



Веруваат дека астронаутите кои се наоѓаат на долги мисии во вселената можно е да страдаат од деменција и преманентно оштетување на меморијата заради космичките зраци кои го оштетуваат нивниот мозок.

Научниците сметаат дека овој „вселенски мозок“ предизвикува анксиозност, депресија, параноја и донесување погрешни одлуки кај астронаутите.

Студијата е спроведена на глодари кои биле изложени на високи енергетски зрачења. Резултатите покажале појава на деменција и нарушување на когнитивните способности. Кај сите нив имало сериозни нарушувања и воспаление на мозочната обвивка, како прекин на трансмисијата на сигналите низ мозочните клетки. Тоа пак, доведува и до промени во однесувањето, се разбира во негативна смисла.

Студијата се поврзува и со претходните истражувања кои покажале дека навистина се појавуваат промени во состојбата на астронаутите заради изложеноста на космичките зрачења. Професорот Чарлс Лимоли вели дека ова се навистина лоши вести за астронаутите кои се испратени на две или три годишни мисии на Марс.

Изложеноста на таквите честички може да доведе до низа на потенцијални компликации во централниот нервен систем. Многу од овие последици можат да продолжат и понатаму во животот.

Слични вакви дисфункции се појавуваат и кај пациентите кои боледуваат од рак на мозокот кои примиле големи дози на третмани со радијација.