Ова се најбогатите милијардери од светот на технологијата

Ова се најбогатите милијардери од светот на технологијата

Подготвил: Светлана Петковска

Од 10-те најбогати милијардери во светот на технологијата, четворица го напуштиле колеџот. Сите се мажи, а доаѓаат од две земји (САД и Кина), и сите во моментов се или биле шефови на компании.

Ова се некои сериозно богати луѓе, влезното ниво на оваа листа е 18,2 милијарди долари нето вредност (која вклучува пари, акции, и разни други поседувања). Некои сега го поминуваат своето време обидувајќи се да го променат светот, а други го поминуваат своето време како сопственици на спортски екипи, а некои сѐ уште работат во компанијата што ги збогатила.

Оваа листа на 10 најбогати технолошки милијардери доаѓа во соработка помеѓу “Business Insider“ и аналитичката компанија Wealth-X, која неодамна создаде листа на топ 50 најбогати луѓе на Земјата.


Пони Ма


10. Пони Ма


Нето вредност: 18,2 милијарди долари

Возраст:
44

Земја: Кина

Индустрија:
Технологија

Извор на богатство: “Tencent Holdings“

Заработувајќи пари на берзата, Ma Huateng (Pony Ma) започна со “Tencent“ заедно со своите пријатели од колеџ. Првиот голем производ на компанијата беше услугата за пораки во Кина наречена “QQ“, која е бесплатна, а станала стандард во почетокот на онлајн услугите за пораки.

“Tencent“ оттогаш се прошири драматично, инвестирајќи во различни бизнис видови, од дистрибуцијата на музика за големите студија за видео-игри, како “Riot“ игрите (креаторите на најпопуларната светска игра, "League of Legends“).


Дел


9. Мајкл Дел


Нето вредност: 18,9 милијарди долари

Возраст: 51

Земја: САД

Индустрија: Технологија

Извор на богатство:
“Dell“

Како подготвителен студент на Универзитетот на Тексас во Остин во 1984 година, Мајкл Дел започнал со работа во своја компанија наречена “PC Ltd“, претходник на “Dell“. Тој наскоро го напуштил колеџот, за да создава компјутери со полно работно време, а неговата компанија стана една од најбрзо растечките компании во земјата.

Од времето кога тој имал 23 години, компанијата во јавноста покрена 30 милиони долари, од кои 18 милиони долари беа за Dell. Компанијата вработува повеќе од 100.000 луѓе во неколку земји, а и понатаму е со седиште во Тексас.


Стив Балмер


8. Стив Балмер



Нето вредност:
25,9 милијарди долари

Возраст: 59

Земја: САД

Индустрија: Технологија

Извор на богатство:
“Microsoft“

Стив Балмер ја напушти бизнис школата на Универзитетот Стенфорд во 1980 година за да му се приклучи на својот пријател од Харвард, Бил Гејтс во “Microsoft“ како прв бизнис менаџер на компанијата, кој заработуваше 50.000 долари плата и удел во компанијата. Од бизнис менаџер Балмер стана извршен директор за време на неговиот ангажман во “Microsoft“. Тој е само вториот човек, не вклучувајќи ги основачите и нивните семејства кој некогаш станал милијардер од акциите на вработените.

Денес, тој повеќе не е во “Microsoft“. Тој вложил 2 милијарди долари во договор за купување на Лос Анџелес Клиперс, назад во 2014 година. Балмер е исто така љубител на кошарка, како што се гледа од фотографијата.


Џек Ма


7.Џек Ма


Нето вредност: 26,3 милијарди долари

Возраст: 51

Земја: Кина

Индустрија: Технологија

Извор на богатство: “Alibaba“

Џек Ма е исто како Џеф Безос во Кина. Тој ја основал (а сега е сопственик) на “Alibaba“, еквивалент на онлајн продавница на Амазон во Кина. Компанијата стана позната во јавноста во 2014 година со најголема светска понуда за акции: 25 милијарди долари. И покрај презимето, тој нема никаква роднинска врска со Пони Ма.


Сергеј


6. Сергеј Брин

Нето вредност:
36,2 милијарди долари

Возраст: 42

Земја: САД

Индустрија: Технологија

Извор на богатство: “Google“

Сергеј Брин и Лари Пејџ (исто така, поставени на оваа листа) се ко-основачи на “Google“ во 1998 година, а се сретнале во 1995 година во Стенфорд. Иако “Google“ се смени со текот на годините, компанијата и многу од нејзините производи се изградени врз темелите на Брин и Пејџ, кои креирале начин во доцните 90-ти години за да го создадат пребарувачот “Google“.

Денес Брин ја надгледува матичната компанија на “Google“, “Alphabet“ и тој се фокусира на таканаречените "Moonshot" идеи, како и проектот да обезбеди WiFi конекција во руралните средини преку балони со висока надморска височина (Проект Loon).



Лери Пејџ


5. Лери Пејџ


Нето вредност: 37,8 милијарди долари

Возраст: 42

Земја: САД

Индустрија: Технологија

Извор на богатство: “Google“

Лари Пејџ е малку повеќе богат од половина од дуото основачи на “Google“. Пејџ е извршен директор на “Alphabet“, новата матична компанија на “Google“, додека Сергеј Брин, ја исполнува улогата на претседател. Пејџ е одговорен за алгоритамот во срцето на “Google“ пребарувачот, кој собира резултати во одредена локација.

Лари стана милијардер, на возраст од 30 години, и го предводеше стекнувањето на “Android“ за “Google“. Иако тој се повлече од раководството на “Google“ веќе една деценија, тој продолжи со позицијата на извршен директор во 2011 година и го зголеми растот на компанијата во годините што следеа.


Лари Елсон


4. Лари Елисон


Нето вредност: 46,1 милијарди долари

Возраст: 71

Земја: САД

Индустрија: Технологија

Извор на богатство: “Oracle“

Лари Елисон е ко-основач на “Oracle Corp“, еден од најголемите светски софтверски компании. “Oracle“ во голема мера се занимава со софтвер, кој што веројатно ние како обични луѓе не го користиме. Софтверот со база на податоци за бизнис компании и Владата, таканаречен "middleware" им помага на развивачите на софтвер да креираат свои програми и софтвер за ефикасноста на работните места. Компанијата е втора по “Microsoft“ во користење на софтвер во светски рамки.

Во еден период Елисон беше највисоко платениот извршен директор во светот. Тој е сопственик на еден хавајски остров (Lanai) и е добар пријател со Стив Џобс. Тој е мошне интересен човек.



Марк Цукерберг


3. Марк Цукерберг


Нето вредност: 46,2 милијарди долари

Возраст: 31

Земја: САД

Индустрија: Технологија

Извор на богатство: “Facebook“
 
Тој го разви “Facebook“, додека беше во колеџ на Харвард, се откажа од школувањето за да ја стартува компанијата и никогаш не погледна назад.

Цукерберг сега има 31 година, а неговата сопруга неодамна го роди нивното прво дете. Марк ветил дека ќе подари 99 проценти од своето богатство во текот на својот живот, а редовно придонесува со пари за “Facebook“ акциите (како што се борбата против ебола) и за заедници (како што е јавниот образовен систем Њу Џерси).


Џеф



2. Џеф Безос


Нето вредност:
51,2 милијарди долари

Возраст: 52

Земја: САД

Индустрија: Технологија

Извор на богатство:
“Amazon.com“

Од скромните почетоци во неговата гаража, Џеф Безос стана милијардер правејќи да биде лесно да се купуваат и продаваат работи онлајн. Прво тоа беа книги, а потоа буквално се друго. Тој се премести од фокусирање на само гигантската онлајн малопродажна операција, Амазон, на други работи, па така стана сопственик на весникот (“Washington Post“)  и стана познат пи ставање на ракети во вселената (Blue Origin)).

Тој ја помести и продажбата на работи на Амазон, па така компанијата сега е вклучена во продукција на забава за стриминг на “Amazon Prime“, обезбедување столб за многу веб-сајтови преку “Амазон Веб Услуги дивизија“, па дури и доставување намирници со “AmazonFresh“.

Бил Гејтс


1. Бил Гејтс

Нето вредност: 89,4 милијарди долари

Возраст: 60

Земја: САД

Индустрија: Технологија

Извор на богатство: “Microsoft“

Бил Гејтс не е само најбогат човек на оваа листа, туку тој е најбогатиот човек на земјата. Тој започнал да заработува пари рано; на 30 години тој стана милијардер кога “Microsoft“ излезе во јавноста. Тој е ко-основач на компанијата и ја водеше со години, на крајот се повлече од функцијата извршен директор во 2000 година. Гејтс ја задржува позицијата во одборот на компанијата, но во голема мера се фокусира на хуманитарна работа. Со неговата сопруга Мелинда Гејтс, Бил Гејтс ја води Фондацијата “Бил и Мелинда Гејтс“.