Конкурс за доделување на целосни стипендии за постдипломски студии на УАКС
Врз основа на договорот за соработка и стипендирање на постдипломски студии склучен помеѓу Цементарница УСЈЕ АД Скопје и Универзитет Американ Колеџ Скопје, се распишува:
КОНКУРС
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ЦЕЛОСНИ СТИПЕНДИИ ЗА ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ – НАСОКА МЕНАЏМЕНТ И СМЕТКОВОДСТВО И РЕВИЗИЈА
НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ДЕЛОВНА ЕКОНОМИЈА И ОРГАНИЗАЦИОНИ НАУКИ,
УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Цементарница УСЈЕ АД Скопје e oпштествено одговорна компанија, која меѓу другото, придонесува кон развој на човечкиот капитал и потенцијал во Република Македонија. За таа цел, Цементарница УСЈЕ АД Скопје во соработка со Универзитет Американ Колеџ Скопје (УАКС) за академската 2016/2017 година доделува целосни стипендии за постдипломски студии за следните програми на Факултетот за деловна економија и организациони науки и тоа:
• 2 целосни стипендии за насока менаџмент (4+1)
• 1 целосна стипендија за насока сметководство и ревизија (4+1 или 3+2)
2. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА
Право на стипендија имаат сите кандидати кои ги исполнуваат следните услови:
1. Да се државјани на Република Македонија или странски државјани со регулиран престој во Република Македонија;
2. Да имаат освоено 240 ЕКТС во текот на студирањето и просек од минимум 8; за смер сметководство и ревизија да имаат освоено 180 ЕКТС кредити и просек од минимум 8;
3. Одлично познавање англиски јазик;
4. Интерес и посветеност на полето на ангажираност;
5. Висока мотивација и интерес за постдипломски студии.
3. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Кандидатите кои се пријавуваат на конкурсот треба да пополнат пријава која е објавена на веб страната на Цементарница УСЈЕ и УАКС почнувајќи од 14.10.2016 година до 25.10.2016 година и да ја достават електронски на е-маил адреса: smokvarski@uacs.edu.mk (телефон за контакт: 02 2 463 156 / локал 131).
Потребни документи за конкурсот:
1. Копија од потврда за државјанство или регулиран престој во РМ;
2. Копија од уверение за остварени 240 кредити и просек, и копија од уверение за остварени 180 кредити и просек за насока сметководство и ревизија;
3. Потврда за одлично познавање на англиски јазик;
4. Две препораки;
5. Мотивациско писмо и биографија.
Комплетната документација може да се испрати на е-маил адреса smokvarski@uacs.edu.mk или по пошта најдоцна до 25.10.2016 на адреса:
Универзитет Американ Колеџ Скопје
(Комисија за избор на МБА стипендисти)
Трета македонска бригада бр. 60
1000 Скопје
4. Селекција
Селекцијата и рангирањето ќе бидат направени од страна на Цементарница УСЈЕ АД Скопје и Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Само избраните кандидати за интервју ќе бидат контактирани.
Цементарница УСЈЕ АД Скопје обезбедува еднакви можности и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.