Пет причини зошто 40 милиони луѓе сепак ќе гласаат за Трамп

Пет причини зошто 40 милиони луѓе сепак ќе гласаат за Трамп

Подготвил: М.Д.

И покрај обвинувањата за сексуален напад објавен во видео од 2005, поддршката за законите за оружје, ставовите за абортусот и изјавите за Исис, политичките експерти очекуваат најмалку 40 милиони гласачи да го дадат гласот за кандидатот на републиканците.

трамп


Што има тој да им понуди на гласачите и зошто во сите анкети заостанува само неколку поени зад Хилари Клинтон? Еве ги најважните фактори поради кои има голема поддршка:

Американците ќе ги користат бенефитите од  „trickle down“ економијата

Г-н Трамп има направено и изгубено пари, преговарал зделки и изградил облакодери. Милони Американци гледаат на неговиот „успех“ како на сила од која на крај тие ќе извлечат корист. Овде станува збор за работни места и раст на приходите, како и за тоа што ќе направи економијата за луѓето чии татковци од средна класа работеле во производствени погони. Многу гласачи веруваат дека сето ова е изразено токму во неговото одбивање да ги обелодени своите даночни ослободувања.

Раскинување на договори за трговија и преговарање за такви што се „подобри“ за САД


Кандидатот на Републиканската партија редовно вели дека НАФТА договорот потпишан од Бил Клинтон, е „катастрофа“. Трамп исто така предлага 45% данок за увоз на производи од Кина и дава ветување дека ќе ги запре американските компании да се движат кон странство. Кога вели дека Американците губат работни места поради други земји, без разлика дали е во право или не, тој добива симпатии кај гласачите. Има Американци што работат и по две до три работи и ова за нив многу ветува.

Истакнување на републиканските вредности

Иако во минатото бил демократ, Трамп успева да ги усвои класичните републикански ставови за данок, оружје, абортус и имиграција. Неговите гласачи имаат одредена неудобност во однос на економските, демографските и социјалните промени.  На многумина на пример, во голема мера им пречи што хомосексуалните бракови се признати и токму промовирањето на републиканските вредности му носи поени.

Ширење на став за анти-имиграција

Тој често вели дека мора да се „изгради ѕид“:“We’ve got to build that wall, folks,”. Да се биде анти-имигрант особено му се допаѓа на неговите поддржувачи. Америка го има во историјата овој анти-имиграционен став:  за азиските имигранти во 20 век и ирските во 19ти. Тој ветува дека ќе ја зајакне безбедноста на границите и дека ќе се врши проверка особено на муслиманите и сириските бегалци, а ќе се спречува и илегалната имиграција.

Нуди нешто различно

Г-н Трамп е познат и како славна личност и како бизнисмен. Со своите делувања во јавноста отскокнува од традиционалната слика за политичар, нуди надеж за необразованите гласачи и предизвикува носталгија кај постарите. Неговиот слоган „Make America Great Again“ сугерира дека таа некогаш била голема, но не и сега. Гласачите би го избрале него затоа што веруваат дека повторно ќе ѝ го врати сјајот.