Градоначалникот на Осиек ќе ги субвенционира младите за да се вратат во Хрватска

Градоначалникот на Осиек ќе ги субвенционира младите за да се вратат во Хрватска

Подготвил: Светлана Петковска

На сосема необичен потег се одлучил градоначалникот на хрватскиот град Осиек, Иван Вркиќ. Со намера да ги вратат младите во земјата или поточно во родното место, од Градот Осиек потврдиле дека ќе субвенционираат дел од трошоците за авионски билет на своите сограѓани, кои во моментов се на привремена работа во Даблин, Ирска.


Даблин


Како што стои во статусот на градоначалникот Вркиќ на „Facebook“, авионскиoт билет од Даблин до Осиек чини 2.500 куни, па така Градот Осиек, на граѓаните ќе им обезбеди 500 куни за олеснување на патните трошоци при доаѓање дома. Целта на оваа "акција" од страна на градоначалникот е да се охрабрат граѓаните на Осиек кои престојуваат во Ирска за работа, почесто да се враќаат и да останат дома.

„Градот Осиек ќе субвенционира враќање и посета на нашите сограѓани кои се на привремена работа во Даблин. За билетот кој изнесува 2.500 куни, износот од 500,00 куни ќе го субвенционира Градот, па така  крајната цена ќе биде околу 2.000 куни. Целта е да се поттикнат нашите сограѓани кои се привремено отсутни, почесто да се враќаат во Осиек, со крајна желба повторно да се доселат во своите домови. Од нив зависи дали ќе се вратат, а на нас е да создадеме услови за да можат да се вработат тука и да ја планираат својата иднина“- беше напишано во статусот на градоначалникот Вркиќ.

Статусот на градоначалникот и неговата желба за субвенционирање многу брзо беше пречекана со негативни коментари од страна на Славонците, кои велат дека би било подобро да обезбеди работни места, отколку дел од сума за авионски билет, за кој луѓето кои работат во Даблин сигурно ја имаат оваа сума.


градоначалник на Осиек


„Еве јас се вратив и не сакам надомест за билетот, јас би отворила натпревар за работа. Пофалби за иницијативата и за проектот, се надевам дека тоа ќе биде нешто за создавање на услови за подобро утре“-се некои од коментарите“.

Ажурниот градоначалникот брзо одговорил дека целта на проектот е и отворање на нови работни места.

„Почитувани ова го правиме за нашите сограѓани да не го заборават сопствениот град и јас јасно ставив до знаење дека до нас политичарите е да отвораме нови работни места, а на нив е да се вратат“- напишал Вркиќ во одговорот.