Кинескиот милијардер Џек Ма најавува амбициозен план за ширење на бизнисот

Кинескиот милијардер Џек Ма најавува амбициозен план за ширење на бизнисот

Подготвил: Маја Пероска

Тој веќе ја има најголоемата светска онлајн компанија, но сепак основачот на „Алибаба“ не е задоволен.

 

Кинескиот милијардер Џек Ма, открива уште поамбициозен план за проширување на компанијата ширум светот – креирање на 100 милиони нови работни места и трансфорање на глобалната економија , со цел создавање на правичен свет.

 

 

 

Тој ги истакнал достигнувањата на компанијата за изминатата финансиска година – вклучувајќи го и трговскиот обрт на „Алибаба“ од повеќе од 589 милиони долари.

 

Компанијата има повеќе од 430 милиони активни купувачи годишно, што значи дека една од секои три индивидуи во Кина, направила набавка на нивниот пазар.

 

Иако Ма е горд на овие бројки и постигнувања, тој сепак истакнал дека „сака да направи нешто повеќе“. Смета дека придобивките од глобализацијата не се распределени еднакво и дека дигиталното нарушување ќе не доближи до ниво на кое се функционира само со мали бизниси и со млади луѓе.

 

Џек Ма е вториот најбогат човек во Азија, кој има богатство од 37.58 милијарди долари.

 

Користење на  мрежа на далечински сервери хостирани на Интернет (cloud computing) е начинот на кој „Алибаба“ се стреми да се развие. Компанијата инвестирала во технологијата постојано, како дел од нивната стратегија. Во оваа смисла од компанијата најавуваат долгорочно работење и трансформирање. Нивната мисија, како што вели Ма, е да се зајакнат трговците во способноста за трансформирање и надоградување на нивните бизниси за во иднина и да им се помогне на компаниите ширум светот во нивниот развој.

 

Осум години откако е формирана „Алибаба“ поседува 35 проценти од Кинеските веб сајтови. На крајот од оваа година, компанијата ќе отвори и канцеларија во Мелбурн , Австралија.

 

Џек Ма тврди дека компанијата константно се адаптира на промените на комерцијалната средина, а иновацијата е клучна во контнуираниот успех. Нивните апликации им помагаат на онлајн бизнисите во подобрувањето на продажбите и маркетингот.

 

За 20 години, Ма се надева дека ќе можат да им излезат во пресрет на 2 милијарди клиенти ширум светот, да зајакнат 10 милиони профитабилни бизнисмени и да креираат 100 милиони работни места.