Приказна за жената што преживеала со телесна температура од 13,7 степени

Приказна за жената што преживеала со телесна температура од 13,7 степени

Подготвил: М.Д.

Ана Бегенхолм е радиолог во универзитетската болница во Тромзо, во северниот дел на Норвешка. Пред околу 17 години во истата болница се запишала во историјата, но овојпат како пациент.

човек и небо


По несреќата што ја имала додека скијала, телесната температура паднала до 13,7 степени, но тимот лекари успеал да ја врати во живот. Во 1999 година Ана и нејзините колеги се упатиле на скијање по работниот ден. Временските услови биле одлични. Но, по некое време се случила катастрофа: Ана останала без скиите. Се тркалала по стазата додека не удрила во смрзнат поток. Пропаднала во мразот, а студената вода ја повлекла на дното. Додека пријателите се обидувале да ја извлечат, температурата на телото и опаѓала до момент кога ситуацијата станала многу опасна.

Нормалната температура на телото е 37 степени. Во услови на ветер, студенило и вода, телото се лади. Во моментот кога телото ќе го почувствува тоа, започнува со одбрана на телесната температура, па крвните садови и кожата почнуваат да се собираат, а крвта од екстремитетите се пренасочува кон средината. Под 35 степени телесна температура доаѓа до хипотермија: паѓа крвниот притисок, дишењето е плитко, а може да се случи и чудно однесување на личноста.

Ана под водата била околу 80 минути. Срцето не ѝ чукало, кожата ѝ била бела, а зениците раширени. Превезувањето до хеликоптерот траело дополнителен час и за тоа време медицинскиот тим се обидувал да ја оживее. Според изјавите на докторите, на електрокардиограмот линијата била рамна и немало знаци на живот. Температурата на телото се спуштила до 13,7 степени.

Во болницата ја приклучиле на апарати, а крвта и се испумпувала надвор од организмот, па се враќала назад за да може да се загрее. Срцето на Ана започнало да чука по 16 часа, по што и целото тело полека почнало да се враќа во нормала, а по 12 дена таа ги отворила и очите. По неколку години повторно можела да се движи, да оди и да скија.

Всушност, иако студената вода го запрела срцето, ги парализирала мускулите и исцрпила нервите, го сочувала нејзиниот мозок. Благодарение на тоа, според лекарите, Ана не умрела од смрзнување, туку само се смрзнала.