Општина Карпош објавува оглас за доделување на стипендии за талентирани студенти
Врз основа на член 36, став 1, точка 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 05/2002), а во врска со дел II.Проектни активности, Точка 1. Доделување стипендии на талентирани студенти, жители на Општина Карпош од Програмата за активностите на Советот на млади на Општина Карпош за 2016 година („Службен гласник на Општина Карпош“бр.15/15) и Одлуката за објавување на оглас за доделување на стипендии на талентирани студенти од 1ва година, жители на Општина Карпош, бр.09-7572/41 од 02.09.2016 година, Градоначалникот на Општина Карпош објавува
ОГЛАС
за доделување стипендии за талентирани студенти, жители на Општина Карпош
за 2016/17 година
I. Услови за доделување стипендија
Кандидатите кои аплицираат на огласот треба да ги исполнат следните услови:
- да се жители на oпштината Кaрпош најмалку една година пред денот на објавување на огласот,
- Да се редовни студенти од втора година, запишани во зимски семестар во учебната 2016/2017 година
- Да ги имаат положено сите предмети од прва година, согласно програмата за студирање
- Да не примаат друга стипендија
II. Критериуми за доделување стипендија
Стипендиите ќе бидат доделени согласно следните критериуми:
- Минимум просечна оценка од 8,5 во зимскиот семестар од учебната 2015/2016 година (2 бода)
- Просекот не треба да биде под 8,5 и во вториот семестар од учебната 2015/2016 година (1 бод)
- Успешно писмо на мотивација (1 бод)
- Положени сите предмети од зимскиот семестар во учебната 2015/2016 година
III. Потребни документи
Кон барањето кандидатите треба да ги доставатследните документи:
- Потврда за редовен студент, запишан во зимскиот семестар во учебната 2016/2017 година
- уверение за положени предмети
- Писмо на мотивација
- биографија на студентот,
IV. Висината на стипендијата и рангирање
Висината на стипендијата ќе изнесува 10.000 денари кои ќе бидат доделени еднократно на тројцата највисоко рангирани студенти.
V. Начин на пријавување
Документите се доставуваат во Архивата на Општина Карпош (барака 2) или по пошта на ул. Радика бр. 9 – Скопје, со назнака „За доделување на Стипендии за талентирани студенти, жители на Општина Карпош за 2016/17 година“.
VI. Рок за поднесување на документи
Огласот трае 5 дена, заклучно со 19.10.2016 година.
Аликациите кои не се комплетни и кои се доставени вон рокот нема да бидат разгледувани.
Документите ќе бидат разгледани од комисија формирана од Градоначалникот на Општина Карпош и Советот на Општина Карпош.
ОПШТИНА КАРПОШ