Американската економија објаснета на едноставен начин

Американската економија објаснета на едноставен начин

Подготвил: Светлана Петковска

САД има економија во вредност од 18 трилиони долари, што ја прави најголема во светот според БДП. Оваа визуелизација помага да се покаже колку е голема економијата на САД во споредба со другите земји, но сепак се чини дека мапата не ја кажува целата приказна.

Покрај сѐ САД е географска голема и разновидна земја, а населението е раширено и нерамномерно распоредено. Тоа значи дека производството и иновациите се подеднакво концентрирани во некои области од земјата, додека останатите делови се повеќе рурални.


Америка


Како можеме да ги пресметаме овие разлики за да добиеме поточен поглед на економскиот мотор на САД?

За среќа, Марк Џ. Пери на блогот „Carpe Diem“ изработил некои мапи, за да ни помогни подобро да ја разбереме големината и обемот на економска активност на Америка.


Америка


Првата мапа ги прецртува државните граници за да направи седум "мега-земји", од која секоја има одделна економија според големината на главните градови. На пример Калифорнија има економија со големина исто како Франција. Целиот Североисточен регион има економија со големина како на Јапонија и така натаму.

Но, државите се многу различни географски, на пример, Аризона има 6,7 милиони луѓе, а повеќе од две третини од населението живее во метро областа „Phoenix“.


Американска економија


Втората мапа ги споредува економиите на метрополските области со цели држави. Како што можете да видите, претходно споменатата област „Phoenix“ има слични економски излезни податоци како и Португалија.

Во меѓувреме целиот коридор од Њујорк до Вашингтон е толку голема како Канада, Иран, Чешка и Шведска, сите во комбинација.


економија САД


Третата мапа се базира на оваа идеја, покажува дека половина од производството на економијата на Америка доаѓа само од селекцијата на метрополските области. Другата половина од 18 трилиони долари вредна економија на Америка има седиште меѓу големите делови од земјата, вклучувајќи и илјадници рурални средини и градови.