Министерството за одбрана вработува цивилен персонал во служба во Армијата на Република Македонија

Министерството за одбрана вработува цивилен персонал во служба во Армијата на Република Македонија

Врз основа на член 39 став 1 од Законот за служба во Армијата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија, бр. 36/1 0, 23/1 1 47/1 1 1 48/1 1 55/1 2, 29/1 4, 33/1 5, 193/15 и 71/16), a согласно искажаните потреби за пополнување на Армијата на Република Македонија со цивилен персонал, Министерството за одбрана распишува JABEH ОГЛАС за прием на цивилен персонал иа служба во Армијата на Република Македонија


Се распишува јавен оглас за прием на цивилен персонал на служба во Армијата на Република Македонија (во натамошниот текст „Армијата, на неопределено време и тоа:

-инструктор по англиски јазик, 1 (еден) извршител и
-психолог, 1 (еден) извршител


На јавниот оглас може да се пријават кандидати кои ги исполнуваат условите утврдени во огласот и тоа:
Општи услови:
1.да е државјанин на Република Македонија,
2. да е полнолетен,
3. да има завршено високо образование,
4. да има општа здравствена и физичка способност и
5. да не е постар од 40 години.

Посебни услови:
-да има високо образование и тоа:
-за прием на психолози: Филозофски факултет, група психологија - дипломиран психолог,
-за прием на инструктори по англиски јазик: Филолошки факултет, насока англиски јазик,професор по англиски јазик

Рокот за пријавување на огласот е 30 дена од денот на неговото објавување.

Заинтересираните кандидати доставуваат пријави до Министерството за одбрана, непосредно во деловодството на министерството или по пошта со препорачана пратка.
Заинтересираните кандидати кои доставиле пријава и прилог документација по претходно објавениот јавен оглас кој Министерството за одбрана го објави на ден 01. 09. 2016 година, ќе бидат земени во предвид.

Кон пријавата кандидатите приложуваат:-
доказ за завршено образование, уверение за државјанство на Република Македонија,
-извод од матична книга на родени,
-потврда од Агенција за вработување дека кандидатот е евидентиран како невработен или потврда од работодавецот дека кандидатот е во работен однос,

Документите задолжително да бидат во оригинал или заверена фотокопија.

Некомплетните и ненавремените пријави нема да бидат разгледувани.
Постапката за избор на кандидати ја спроведува Комисија што ја формира министерот за одбрана, согласно Правилникот за начинот на спроведување на постапката за прием ка кандидати за офицери, односно подофицери, лрофесионални војници и цивилен персонал на служба во Армијата на Република Македонија.
Избор на кандидати кои ги исполнуваат условите за прием на служба во Армијата врши министерот за одбрана,
Со избраните кандидати, министерот за одбрана или од него овластено лице склучува договор за работа.
Јавниот оглас се објавува во најмалку два дневни весника од кои најмалку во по еден од весниците што се издаваат на македонски јазик и по еден во весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик.
МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА