Почувствувајте ја енергијата од безвременскиот дует Џос Стоун и Каролина Гочева

Почувствувајте ја енергијата од безвременскиот дует Џос Стоун и Каролина Гочева

За време на нејзината посета на Македонија, по повод интимниот концерт во рамки на Скопскиот џез фестивал, милата Џос Стоун успеа да одвои време и заедно со нашата Каролина Гочева, да го направат ова неодоливо видео, интерпретирајќи ја во дует познатата песна „Кој да ми запее“, во една идилична атмосфера во градскиот парк во Скопје. Каролина ѝ ја прераскажува приказната на песната, а Џос умешно ја вметнува емоцијата и сето тоа изгледа и звучи за мерак. Уживајте!