Оглас за вработување во Автонова ДОО Скопје... Отворени се повеќе работни позиции
АВТОНОВА ДОО Скопје, ексклузивен увозник за марките CITROËN и DS за Македонија, Србија, Косово, Црна Гора и Албанија објавува оглас за слободни работни места во Скопје :
1. Фарбар- авто-лакер
2. Помошник авто-лимар
3. Сервисен советник - рецепционер
4. Сервисер – механичар
5. Сервисер – електричар
6. Референт за резервни делови
За позициите по реден број 1, 4 и 5 кандидатите е потребно да имаат соодветна стручна подготовка како и работно искуство во соодветната област од најмалку 4 години.
За позициите по реден број 2, 3 и 6 кандидатите е потребно да имаат соодветна стручна подготовка како и работно искуство во соодветната област од најмалку 2 години.
Нудиме работа во динамична средина, компетитивни месечни примања и постојано надградување на знаењето со обуки и тренинзи.
Доколку сте мотивирани и истрајни, способни за тимска работа и сакате да бидете дел од еден силен и посветен тим испратете ја Вашата професионална биографија (CV) на адресата:
office@citroen.com.mk со задолжителна назнака
„За оглас: ... ( позицијата за која аплицирате). За подетални информации контактирајте нè на телефонот:
02/3093-018.
Апликациите без назнака нема да бидат разгледувани.
Рокот за пријавување на кандидатите е до 01 ноември 2016 година.
Дискрецијата е апсолутно загарантирана за сите апликации. Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.