Оглас за вработување во ИТАЛФАР ДОО Скопје
ИТАЛФАР ДОО Скопје има потреба од медицински претставници во својот тим за промоција, презентација и продажба на фармацевтски производи.
Кандидатите потребно е да имаат завршено високо образование (медицина, фармација или стоматологија), одлично познавање на англиски јазик и возачка дозвола (Б-категорија).
Доколку сте заинтересирани и ги исполнувате горенаведените услови потребно е да испратите CV и мотивационо писмо, најдоцна до 31.10.2016 на e-mail: jobs@italfar.mk со задолжителна назнака “Оглас за медицински претставник”.