КОНКУРС за доделување стипендии за ученици во Спортската академија во Република Македонија за учебната 2016/2017 година

КОНКУРС за доделување стипендии за ученици во Спортската академија во Република Македонија за учебната 2016/2017 година

Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управата (“Службен весник на Република Македонија” бр.58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11), член 12а од Закон за спортска академија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 115/2014, 129/2015, 146/2015, 30/16 и 142/16), Правилникот за начинот и посебните критериуми за доделување на месечна стипендија на ученици во спортска академија (“Службен весник на Република Македонија” бр.191/15), а согласно Решението за распишување Конкурс за доделување на стипендии за ученици во спортската академија во Република Македонија за учебната 2016/2017 година, бр.12-14503/1 од 18.10.2016 година Министерството за образование и наука распишува

КОНКУРС
за доделување стипендии за ученици во Спортската академија
во Република Македонија за учебната 2016/2017 година



Министерството за образование и наука за учебната 2016/2017 година ќе додели стипендии за учениците запишани во Спортската академија во Република Македонија.

I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

Право на стипендија имаат учениците кои се запишани во Спортската академија во Република Македонија, а ги исполнуваат следните услови:

1. Да се редовни ученици во Спортската академија (од II, III и/или IV година)
2. Во текот на претходната учебна година да имаат постигнато најмалку општ успех многу добар 4,00 (четири) и одличен успех 5 (пет) од изборниот предмет тренинг од избраниот спорт на крајот на учебната година;
3. Да не повторувале година во текот на образованието;
4. Да не се корисници на стипендија од други институции или фирми;
5. Да се државјани на Република Македонија.

II. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Учениците кои се пријавуваат по конкурсот, треба да пополнат (образец на барањето) пријава поставена на следниот линк http://konkursi.mon.gov.mk, почнувајќи од 19.10.2016 година до 30.10.2016 година.

Списокот со учениците кои ќе се стекнат со правото на стипендија ќе бидe објавен на 05.12.2016 година на интернет порталот http://stipendii.mon.gov.mk и во училиште.

III. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

Потребните документи се согласно Правилникот за образецот на барањето за доделување стипендија за ученици во спортска академија:

1. Барање
2. Испечатена електронска пријава со идентификационен број
3. Изјава дека податоците во електронската пријава се идентични со податоците во доставената документација;
4. Потврда дека е редовен ученик во учебната 2016/2017 година издадена од Спортската академија;
5. Заверени на нотар фотокопии од свидетелствата за завршена прва, втора и/или трета година на образованието;
6. Изјава потпишана од родител-старател дека кандидатот не е корисник на друга стипендија, објавена на следниот линк http://stipendii.mon.gov.mk;
7. Изјава од родителот/старателот за обработка и користење на неговите лични податоци и личните податоци на ученикот, со која кандидатот се сложува Министерството за образование и наука по службена должност да ги обезбеди потребните документи, објавена на следниот линк http://stipendii.mon.gov.mk;

Уверението за државјанство на Република Македонија од Министерството за внатрешни работи.го обезбедува по службена должност овластеното службено лице од Министерството за образование и наука, кое ја води постапката за доделување на стипендија.

IV. МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ


Учениците, кои се пријавиле електронски на конкурсот, до Министерството за образование и наука на ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, Скопје, од 31.10.2016– 18.11.2016 година, од 09.00-15.30 часот, ги доставуваат документите утврдени во глава III од конкурсот.

Кандидатите нема да бидат рангирани ако доставената документација е:
-некомплетна и/или
-ненавремено доставена.
Кандидатите нема да бидат рангирани ако Комисијата утврди дека податоците кои се внесени во електронската пријава не се идентични со податоците од доставената документација.

IV. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА
Висината на стипендијата ќе изнесува 3000 денари месечно за девет месеци во текот на учебната година.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ