Не смееме да се откажеме од Маркс иако се откажавме од Тито!

Не смееме да се откажеме од Маркс иако се откажавме од Тито!

Подготвил: Маја Пероска

Колумна на новинарот Григор Самарџиќ за 6yka.com која ви ја пренесуваме во целост:

Последниве години општеството е депресивно затоа што е во немаштија, нема визија, не се надева на подобро, гледа како помалку или повеќе луѓето лажат и крадат повеќе од 20 години. Кога некој ќе го подигне гласот брзо се отстранува како предавник.

 

 


Не живееме во свет во кој е можно да се води суверена политика – не го можеме тоа, тоа веќе никој не го може во целост, но тоа никако не значи дека не може да се направи ништо, дека судбината ни е запишана и дека мораме да пуштиме нашите власти да не упропастуваат од ден во ден, од година во година.

Кога знаеме дека можеме, ни преостанува прашањето  - КАДЕ?

Одговорот на тоа прашање не е едноставен за објаснување, но не е и толку комплициран за да не знаеме што да одговориме.

Истото се случува и кога сте кај доктор, па тој ви кажува како треба да ја земате терапијата, но не може да ви ја објасни вашата болест во целост, затоа што не сте учеле медицина и не го разбирате тоа. Едноставно сте се одлучиле за нешто друго во вашиот живот – економист сте, правник, програмер, музичар, глумец, продавач и водите свој живот.

Секоја од овие професии носи извршување на одредена работа во општеството и кога одите на доктор се надевате дека тој својата работа ќе ја изврши свесно. Некогаш, за жал во такви ситуации морате да учествувате со својот новчаник. На сличен начин како што науката се занимавала со лекување на некои болести, други науки исто така се занимавале со одговори во своето поле.

Долго во општествената наука, особено во модерните политички науки владеел став за постидеолошко општество. Но, континенталната европска мисла и традиција во последните неколку години е се погласна и се бунтува против апокалиптичните визии и иднината.

Лекарите во општеството дојдоја до следните заклучоци: Пациентите страдаат од болест на капитализмот, болеста достигна до последната фаза пред смртта на пациентот – ни се заканува еколошка катастрофа, како и пад на бруто домашниот производ во светот.

Моментално се помалку се верува на продуктивното општество отколку на конкурентното општество. Конкурентно само по себе подразбира дека некој е подобар од другиот и дека ќе добие остварување на штета на полошиот.

Додека сето тоа се случува, додека пациентите умираат, а докторите стојат настрана со лекот – пациентот на Балканот се бори сам со себе. Хрватите според Србите се четници, Србите на Хрватите им се Усташи, и за едните и за другите Бошњаците или муслиманите им се терористи.

А господарите на полудениот и истрауматизиран народ ги тријат рацете.

И сите се плашат за својата сигурност.

(НЕ)РАБОТНИЦИ ОД СИТЕ ЗЕМЈИ, ЗДРУЖЕТЕ СЕ! ТИТО Е МРТОВ И НЕМА ДА СЕ ВРАТИ!!!

Ако не знаете како да ја уредите државата, а не им верувате на Американците и на Русите, имам идеја, ајде да чуеме што европските марксисти имаат да ни кажат – што докторите велат, која терапија да ја пиеме, или еве прашајте ме мене.