Оглас за вработување во Кроација осигурување АД Друштво за неживотно осигурување – Скопје

Оглас за вработување во Кроација осигурување АД Друштво за неживотно осигурување – Скопје

Врз основа на Член 22 став 2. и Член 23 став 2. oд Законот за Работните односи  Кроација осигурување АД Друштво за неживотно осигурување – Скопје на ден 19.10.2016 година го распиша следниот:

 ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

За потреба од засновање на работен однос на работници на определено време, за  извршување на работни задачи во Дирекцијата на Друштвото во Скопје и следните подружници на Друштвото:
Тетово, Кичево, Гевгелија, Охид, Струга, Штип, Гостивар, Кавадарци, Неготино, Битола , Прилеп и Скопје за следното работно место :

СОВЕТНИК ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ВО СЕКТОРОТ ЗА ПРОДАЖБА НА ОСИГУРУВАЊЕ

20 извршители во дирекцијата на Друштвото во Скопје и подружниците: Тетово, Кичево, Гевгелија, Охид, Струга,
Штип, Гостивар, Кавадарци, Неготино, Битола , Прилеп и Скопје

Потребни квалификации и способности:
- ССС, ВСС
-Развиени комуникациски способности и јасна комуникација
- Развиени организациски способности
-Отвореност за учење нови работи и прифаќање предизвици
- Способност за тимска работа
- Способност за работа под притисок и конструктивно решавање на работни предизвици
- Целосна посветеност кон работната задача
- Лојалност
- Познавање на работа со компјутер
- Искуство во осигурување (не е задолжително, но ќе се смета како предност)

Услови и бенефиции:
-Работното време исполнува 40 часа - полно работно време
- Посета на обуки
- Можност за напредување (од пониско кон повисоко ниво)
-Гарантираната месечна нето плата ќе исполнува износ од 10.080,00 денари + можност за дополнителна провизија и
други бенефити.

Потребна документација:
- CV биографија
- Мотивационо писмо
- Доказ за завршено образование

Огласот трае 15 дена вклучувајќи го и денот на објавувањето.

Изборот меѓу пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45 (четириесет и пет) дена по завршувањето на огласот.

Кандидатите кои ги исполнуваат условите, апликациите да ги испратат на e-маил адреса hr@crosig.mk со назнака - ,,ОГЛАС ЗА
ВРАБОТУВАЊЕ НА СОВЕТНИК ЗА ОСИГУРУВАЊЕ-ДИРЕКЦИЈА И СОВЕТНИК ЗА ОСИГУРУВАЊЕ – ПОДРУЖНИЦИ”
или на поштенскa адреса Св. ,,Кирил и Методиј’’ бр. 20, 2 кат 1000 Скопје. Поштенски фах 360.

Доколку Вашите квалификации ги исполнуваат нашите потреби и барања, телефонски или писмено ќе бидете повикани на разговор.

Со испраќање на апликација за вработување апликантите се согласни своите лични податоци да се користат за намена на Огласот за вработување
Кроација осигурување АД Друштво за неживотно осигурување- Скопје