Прогноза за времето до крајот на неделата

Прогноза за времето до крајот на неделата

Денес е среда, 19 октомври 2016 година, 293-иот ден во годината. Денес сонцето неможеме да го видиме но ќе изгрее во 06:45, а ќе зајде во 17:49 часот. Денот ќе трае 11 часа и 03 минути.



Како што ви најавивме вчера, врнежите од дожд кои започнаа синоќа, продолжија и во текот на ноќта а ги имаме и денес во утринските часови речиси насекаде. Локално има и појава на слаба магла.

МАКЕДОНИЈА - Врнежите од дожд кои што во започнаа синоќа, ќе продолжат и денес во утринските и претпладневните часови. Попладне врнежите ќе престанат, а во доцните попладневни часови ќе има услови за појава на магла, која ќе се задржи и во вечерните часови и во текот на ноќта среда кон четврток која понекаде ќе услови и намалена видливост до 100 метри. Ќе дува доумерен југоисточен и југозападен ветер. Утринските температури од 6 до 12 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 9 односно до 16 степени.

СКОПЈЕ – Во Скопје денеска во утринските и раните претпладневни часови облачно со слаби врнежи од дожд кои попладне ќе престанат, но облачноста и понатаму ќе остане а ќе има и појава на магла. Ќе дува доумерен југоисточен ветер. Утринската температура од 10 степени, а максималната дневна до 14 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во четврток умерено облачно со повремени сончеви периоди и малку потопло време со температури кои ќе достигнат до 12 односно до 19 степени. Во петок претпладне умерено облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со врнежи од дожд и температури од 10 до 17 степени. Во сабота умерено облачно со сончеви периоди, попладне во северозападните, западните и југозападните предели со услови за сосема слаби и локални врнежи од дожд. Дневните температури ќе достигнат до 13 односно до 20 степени. Во недела умерено облачно со сончеви периоди и потопло време со максимални температури кои ќе достигнат до 16 односно до 23 степени.

Weather4all.com.mk