Оглас за вработување во Апаве СЕЕ... Отворени се 2 (две) работни позиции

Оглас за вработување во Апаве СЕЕ... Отворени се 2 (две) работни позиции

apave
АПАВЕ СЕЕ е Македонска компанија која се занимава со вршење технички испитувања, анализи и спецификација. Нашиот кадар на вработени опфаќа круг на специјализирани инженери кои претежно работат низ Европа, Африка, Азија (Блиски Исток и Индиски Океан). Должејќи се на брзиот раст и развој на компанијата, имаме потреба да вработиме:

 

1. Машински инженери

 

Потребни квалификации:

 

- Завршено високо образование – Машински Факултет
- Одлично познавање на Англиски јазик
- Високи комуникациски способности и подготвеност за работа надвор од Македонија
- Физичка и психичка способност за работа на висина

 

Предност ќе имаат кандидатите со претходно искуство/познавање при испитување без разорување, техничка контрола, управување со системи за квалитет итн.

 

Сите заинтересирани треба да испратат кратка биографија до: recruitmentsee@apavesee.com

 

АПАВЕ СЕЕ понатаму вложува во своите вработени со што организира дополнителни курсеви и тренинзи кои допридонесуваат до зголемување на квалификациите и техничко познавање на инспекторите.

 

Успешните кандидати ќе бидат најпрво повикани на иницијален разговор и тестирање на основните познавања во својата професија.

 

 

2. Администратор во Оддел за Квалитет

 

АПАВЕ има потреба од Администратор/Комерцијалист кој ќе се придружи на нашиот тим во Одделот за Квалитет.

 

Потребни квалификации:

 

- Одлично познавање на Англиски и Француски јазик (говорен и пишан)
- Познавање на ISO9001 (Quality Management System) ќе се смета за предност
- Задолжително познавање на компјутери (MS Office)
- Одлични комуникациски и организациски вештини, способност за тимска работа, како и желба за работа во динамична средина
- Согласност за патување во странство на подолги релации (Азија, Африка)

 

Главни одговорности и работни задачи:

 

- Ревизија, припрема и одржување на систем за квалитет според ISO9001
- Одржување на интерни и екстерни ревизии
- Ревизија на работни процедури во координација со Менаџерот за Квалитет
- Превод на документација (од француски/англиски јазик и обратно)

 

Сите заинтересирани кандидати треба да испратат кратка биографија до: recruitmentsee@apavesee.com