Има 32 години а знае 56 јазици - овој човек открива како да научите јазик за 2 недели

Има 32 години а знае 56 јазици - овој човек открива како да научите јазик за 2 недели

Подготвил: Маја Пероска

Мухамед Мешиќ, млад човек од Тузла е вистински феномен. Има 32 години, а зборува речиси 56 јазици. Од 16-годишна возраст дошол на функцијата градски советник.

Освен што е правник, хебреист и јапанолог, тој е и советник на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов и добитник на наградата „Brainswork Make a Difference Award“ во 2010 година во Виена.
  

Тој вели дека најважно е да се има волја. Првиот контакт со странски јазик бил со грчкиот, кога бил на годишен одмор со своите родители во Грција и тоа го инспирирало да започне со изучување на странски јазици.

Во просек потребни му се две до три недели за да ги совлада елементарните комуникациски вештини и основите на јазикот кој го изучува. Потребна е упорност и жртвување ако навистина сакате да успеете, вели Мухамед за Al Jazeera.