Оглас за вработување во Еуролинк Осигурување АД Скопје
САКАТЕ ДА РАБОТИТЕ ВО НАJИНОВАТИВНАТА ОСИГУРИТЕЛНА КОМПАНИЈА?
ПРИЈАВЕТЕ СЕ ВО ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ А.Д. СКОПЈЕ ЗА РАБОТНА ПОЗИЦИЈА:
АГЕНТ ЗА ПРОДАЖБА НА ОСИГУРУВАЊЕ
Огласот е распишан за следните градови:
Тетово – 3, Битола – 4, Куманово – 2, Кочани – 2, Струмица - 3, Гевгелија – 1, Кавадарци – 2, Прилеп – 2, Охрид – 2, Струга – 1, Штип – 2, Скопје – 10
Тип на договор: на определено време на 3 месеци со можност за продолжување
Работно време: 40 часа неделно работно време, понеделник-петок, од 8 до 16 часот
ПОТЕНЦИЈАЛНИТЕ КАНДИДАТИ ТРЕБА ДА ПОСЕДУВААТ:
- Силни комуникациски способности за градење долгорочни релации со клиенти и колеги
- Самоиницијативност кон остварување цели, во зададени рокови
- Ориентација кон тимска работа
- Флексибилност кон промени, ведар дух и желба за постигнување одлични резултати
- Способност за усвојување нови знаења и вештини потребни за својата професија
(Предност имаат кандидати со претходно искуство во продажба)
ОПИС НА РАБОТНО МЕСТО И ОДГОВОРНОСТИ
- Воспоставување деловен однос со осигуреници,
- Изготвување на понуди за осигурување, полиса и додатоци на истата
- Одредување на квалитетот на осигурителното покритие
- Наплата на премија за осигурување
- Навремена обнова на постојни договори за осигурување
ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ А.Д.СКОПЈЕ ЗА ИЗБРАНИТЕ КАНДИДАТИ ЌЕ ОВОЗМОЖИ:
- Тренинг за развој на продажни вештини и запознавање со услови за осигурување и тарифи
- Работа во динамична атмосфера со најдобрите продавачи на осигурување во земјата
- Конкурентен систем на наградување
- Месечна нето плата од 10.080 денари со неограничен потенцијал за раст, според остварена провизија.
Испратете ваша биографија и писмо за интерес најдоцна до 28.10.2016 на
kariera@eurolink.com.mk или на поштенска адреса: Еуролинк осигурување А.Д Скопје, до: Сектор за човечки ресурси, ул: Никола Кљусев бр. 2, 1000 Скопје, тел. 02/ 32 89 301
Лице за контакт: Ивана Поповска – Блажевска
Рок за избор на кандидати: 45 денови
Пристигнатите апликации после наведениот рок како и некомплетните апликации нема да бидат предмет на разгледување.
Напомена: Ќе бидат контактирани само оние кандидати кои ќе бидат избрани во потесен круг.