Шекспир се родил и умрел на истиот ден... Прочитајте неколку интересни факти за Шекспир

Шекспир се родил и умрел на истиот ден... Прочитајте неколку интересни факти за Шекспир

Подготвил: Светлана Петковска

По Кралското семејство на Англија, Вестминстер Аби, Биг Бен, и црвените двокатни автобуси, Вилијам Шекспир е еден од најпознатите препознатливи икони на Англија.

Неговите драми се изведуваат низ целиот светот во изминатите 400 години. Популарноста на Шекспир процвета по периодот на романтизмот и за време на Викторијанскиот период. Шекспир добил пофалби од поети, како што се: Семјуел Тејлор Колриџ, Виктор Иго и Волтер. Денес се смета како најголем писател кој некогаш живеел, човек чија работа е снимена и изведена безброј пати.


Шекспир

Да погледнеме неколку интересни факти за Шекспир:

Научниците откриле траги од канабис на цевките кои биле најдени во градината на Вилијам Шекспир.

Вилијам Шекспир се родил и умрел на истиот ден.

Шекспир директно ја споменува Америка само еднаш.

Месечините на Уран се именувани по ликовите од делата на Шекспир и Александар Поуп.

Шекспир измислил околу 1.700 зборови кои ги користиме денес.

Раперот Тупак Шакур бил незаситен читател, а особено уживал во делата на Шекспир.

Шестте преживеани потписи од Вилијам Шекспир имаат различни правопис, вклучувајќи ги и „Shakspere", „Shaksper" и „Shakspeare. Вистинскиот правопис било прашање на спор со векови.

Буквата „u“ како кратенка за „you" прв пат се користи од страна на Шекспир.

Името Џесика прв пат се појавува во претставата на Шекспир, "Венецијанскиот трговец".

Ќерката на Шекспир била неписмена.

Потписот на Шекспир има вредност од над 5 милиони американски долари.

„Caodaism“ е виетнамска религија која ја обожува Јованка Орлеанка, Шекспир и Мухамед.