Велика Британија со промени на правилата за студентски визи

Велика Британија со промени на правилата за студентски визи

Подготвил: М.Д.

Велика Британија планираат промени во „студентскиот имиграционен“ систем, а една од причините е да се даде приоритет на најдобрите универзитети.

виза



Иако ова звучи како позитивна промена, голема е загриженоста во високо-образовните институции кои имаат голем економски бенефит од странските студенти. За прв пат правилата се разгледуваат со план да се променат во однос на „квалитетот“ на институциите. Сегашниот систем им овозможува на сите студенти поволни можности за вработување, независно од нивните таленти и квалитетот на универзитетот.

Министерската за внатрешни работи, Амбер Руд, истакнува дека моменталниот систем што важи за сите подеднакво мора да се анализира и да се евалуира колку на тој начин универзитетите придонесуваат за државната економија. Таа додава:

„Нашите дискусии ќе бидат фокусирани на тоа како да се поддржат најдобрите универзитети и оние што се држат до правилата и како да ги привлечат најдобрите таленти, а за курсевите со помал квалитет ќе се воспостават построги правила.“

„Најдобрите“ универзитети не се именувани во изјавите за оваа тема, но се шпекулира дека ќе се рангираат според професионалноста во изведувањето на наставата. Веќе е најавено дека ќе се спроведува пилот програма за постдипломски студии, со која посебен третман ќе имаат студентите што аплицираат за Бат, Кембриџ и Оксфорд.