Viber го претстави новиот интерфејс

Viber го претстави новиот интерфејс

Подготвил: Б.Б.

Една од водечките глобални апликации за допишување, Viber, го претстави својот нов и брз интерфејс, што на корисниците дополнително им ја олеснува употребата на нивните омилени функции за комуникација.


Нов интерфејс на Вибер


Корисниците на Viber сега ќе можат да праќаат слики и видеа по пат на три допири, со што значително се намалува бројот на чекорите што претходно бил потребен за споделување содржини.

Дизајнирано е ново мени што ја следи оваа иновација, со нагласен приказ на функциите.

Меѓу нив се наоѓаат:

За iOS: мени со стикери, галерија со фотографии, „направете фотографија/видео“, „цртајте врз слика (doodle)“.

Дополнителните функции од типот на „send file“ или „send location“ ќе бидат содржани во тастерот „More“.

За Android: мени со стикери, галерија со фотографии, „направете фотографија“, „снимете видео“.

Дополнителните функции од типот на „send file“ или „send location“ ќе бидат содржани во тастерот „More“.

Популарната апликација за разговори во моментов има околу 800 милиони корисници ширум светот.