Викенд временска прогноза и какво време да очекуваме на почетокот од следната недела?

Викенд временска прогноза и какво време да очекуваме на почетокот од следната недела?

Денес е петок, 21 октомври 2016 година, 295-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:48, а ќе зајде во 17:46 часот. Денот ќе трае 10 часа и 58 минути.

Петок наутро ни носи облачно и понекаде магловито време, но и потопло време во однос на просечните утрински температури за овој период од годината, а во понекаде во западните предели има и слаби врнежи од дожд.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денеска не очекува претежно облачно време со услови за слаби врнежи од дожд, ветровито и свежо време. Во вечерните часови и во текот на ноќта петок кон сабота нови врнежи ќе започнат во северозападните, западните и југозападните предели. Ќе дува доумерен засилен југоисточен и јужен ветер. Утринските температури од 5 до 13 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 10 односно до 17 степени.

СКОПЈЕ – Во Скопје во утринските часови појава на слаба магла. Во текот на денот ќе биде претежно облачно со услови за сосема слаби локални врнежи од дожд, ветровито и свежо време. Утринската температура од 11 степени, а максималната дневна до 14 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во сабота во Македонија умерено облачно време со повремени сончеви периоди, додека пак во северозападните, западните и југозападните предели нестабилно со локални врнежи од дожд. Температурите во пораст и ќе се движат од 14 до 21 степен. Во недела умерено облачно време со сончеви периоди и дневни температури кои ќе се движат од 15 до 22 степени. Во понеделник и вторник претежно сончево време со локална облачност и потопло време со максимални температури кои во понеделник ќе се движат од 17 до 24 степени, а во вторник од 18 до 25 степени.

Weather4all.com.mk