„Здравиот човек има илјада желби. Болниот само една“ - Животни лекции од Чехов

„Здравиот човек има илјада желби. Болниот само една“ - Животни лекции од Чехов

Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме мудри лекции и афоризми од Антон Павлович Чехов, руски романсиер, раскажувач и драмски писател. Чехов беше лекар, но со пишувањето се занимавал од средношколски денови, кога тој почнал да објавува написи и текстови во весници.


Чехов


„Човекот живее целиот свој живот, но од несреќата учиме“.

„Нема, ниту може богатството да биде праведно“.

„И за илјада години човекот исто вака ќе издишува: Ах, тешко да се живее, а во исто време како и сега, тој ќе се плаши и нема да сака да умре“.

„Здравиот човек има илјада желби. Болниот само една“.

„Стотици милји празни, еднолики, изгорени степи, не може да предизвикат таква длабока депресија како еден здодевен човек, што седи, зборува, и не се знае кога ќе си замини“.

„Ни љубовта, ни пријателството, ни почитта, не може толку да ги зближи луѓето, колку заедничката омраза“.

„Доброто воспитување не е во тоа да успееш да не истуриш сос врз чаршафот на масата, туку во тоа да не забележиш, ако тоа го направи некој друг“.

„Колку е убаво да се седи дома, кога дождот удира по покривот, и кога знаете дека во вашиот дом нема досадни луѓе“.

„Кога сонцето сјае и на гробиштата е весело“.

„Ако не знаеш што чувствуваш за човекот, затвори ги очите и замислете дека го нема. Никаде го нема и нема да го има. А потоа се ќе ви стане јасно“.

„Не можете да барате од калта, да не биде кал“.

„Трева да чувствувате среќа без запирање, дури и во моменти на тага и болка. Треба да знаете да бидете задоволни со сегашноста и да уживате во знаењето дека може да биде и полошо“.

„Денес е прекрасен ден. Дали да се пие чај или да се обесиш.

„Сите знаат и разбираат, освен будалите и „аферистите“.

„Циник е грчки збор, во превод значи свиња, која сака целиот свет да дознае дека таа е свиња“.

„Кога нема вистински живот, човекот живее од фатаморгана“.

„Честа не може да се одземе, таа само може да се изгуби“.

„Добриот човек се срами дури и пред куче“.

„Човекот е она во што тој верува“.

„Осознај се себеси е добар и корисен совет; само штета што никој не прецизира како да се примени овој совет“.

„Животот е всушност многу едноставна работа, а човекот треба да вложи многу напор да го уништи“.

„Вториот дел од животот на еден умен човек се состои во ослободување од глупостите, предрасудите и погрешните мислења кои ги стекнал за време на првиот дел од животот“.

„Една болка секогаш намалува друга болка. Ќе ја згазнете опашката на мачката што ја боли заб и веднаш ќе и биде подобро“.

„Ако сакате да имате малку време, ништо не работете“.

„Не треба да им се пречи на луѓето да полудуваат“.
Save