Билингвистите може полесно да се фокусираат

Билингвистите може полесно да се фокусираат

Подготвил: Светлана Петковска


Двојазичноста е подобра. Научниците откриле уште една причина зошто да ја подготвите вашата лекција паралелно и на англиски јазик. Една нова студија сугерира дека знаењето на повеќе од еден јазик може да помогне во зголемување на нашата способност да се фокусираме.

Истражувачите од Велика Британија открија дека луѓето што зборуваат минимум два јазици, се во можност да се концентрираат подобро на задача од оние кои знаат само еден јазик, и тоа фрла нова светлина врз долгогодишна дебата за тоа како учењето на странски јазици влијае на мозокот.

Додека односот помеѓу двојазичноста и вниманието е докажано уште претходно, не е познато дали учењето на дополнителен јазик може навистина да ја подобри способноста на мозокот да се концентрира, и тоа не само за да му помогне на лицето да го блокира одвлекување на вниманието.


двојазичност


За да дознаат како двојазичноста влијае на нашата способност да се концентрираме, истражувачите од Универзитетот во Бирмингем, регрутираа 99 волонтери, од кои 51 само зборувале англиски јазик, а 48 зборувале англиски и кинески јазик уште од рана возраст на дневна основа.

Потоа, научниците ги поделија учесниците во две групи, од кои бараа да поминат низ три утврдени психолошки тестови. Во таканаречениот “flanker“ тест, на учесниците им биле прикажани редови со стрелките на екранот на компјутерот и се побарало од нив, да го притиснат копчето што одговара на насоката на централна стрелка. Ова се мереше од нивната способност да ги игнорираат стрелките на двете страни од централна стрелка.

За “Spatial Stroop“ тестот само една стрелка им беше покажувана цело време, но се појавуваше на различни места на екранот. Таа беше дизајнирана да го дезориентира гледачот, за да го тестира неговото внимание.

Конечно “Simon“ задачата беше многу слична на “Spatial Stroop“, но разликата била во употребата на обоени блокови (црвени и сини), наместо со стрелки. Повторно, ова беше искористено за да се провери времето за одговор кога стимулаторите беа на неочекувани или нелогични места.

Двете групи постигнаа речиси исти резултати на првиот тест, што укажува на тоа дека тие се подеднакво добри во обидите да го блокираат дефокусирањето, но кај луѓето кои зборувале само еден јазик снимени биле побавни одговори на три тестови како целина.

Истражувачите укажуваат дека двојазичниот мозок е подобар во зачувувањето на вниманието, благодарение на своето искуство во редовното префрлување помеѓу јазиците, но се чини дека немаат тие предност во тоа колку добро може да се прилагодат на други нешта.

"Заедно со другите докази, нашата студија покажа дека задачата на префрлување на жив јазик, се чини дека ја подобрува способноста за одржување на вниманието"- изјавил еден од истражувачите, Андреа Kрот.

Сега Крот и нејзините колеги сакаат да разберат повеќе за тоа како оваа подобрена способност за фокусираност и одржувањето на вниманието се развива кај билингвистите.

“Добро е познато дека искуството на зборување на друг јазик ја менува структурата на мозокот и неговите функции. Но, ние не сме многу свесни за тоа како овие промени доведуваат до промени во однесувањето“- истакнала Крот.

Резултатите од истражувањето се објавени во списанието “Bilingualism: Language and Cognition“. 
Save