Фејсбук со нова функција за испорака на храна

Фејсбук со нова функција за испорака на храна

Подготвил: Б.Б.



Facebook food delivery
Изгледа новото мото на Фејсбук е: Подобро некогаш отколку никогаш. Оваа социјална мрежа воведе нова функција со можност за достава на храна, што им овозможува на луѓето директно да си нарачуваат од фејсбук страниците на рестораните. Ендру Босворт, одговорен за рекламите и страниците на Фејсбук, за Wall street journal изјави дека новата функција е одговор на често поставуваното прашање: Како може Фејсбук да ви го олесни секојдневниот живот? Новата функција е активна за рестораните што имаат склучено договор со Delivery.com. Сè што треба да направат гладните корисници е да кликнат на опцијата „Start order“ што е на врвот, при што ќе им се појави прозорец ист како сајтот за испорака. Нема потреба од креирање профил на Delivery.com; луѓето кои имаат кредитна картичка, можат да платат онлајн. Од компанијата велат дека оваа можност нема да го намали профитот, бидејќи тоа би било несоодветно на нивната нова улога на благонаклонет диктатор на целиот свет. Засега, исто така, ветуваат дека историјатот со нарачки на корисниците нема да биде искористен во рекламни цели.